6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминка

6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминка

Секоја жена сака да изгледа убаво, а шминката е еден од начините да го постигне тоа. Со шминката лесно можете да ги прекриете речиси сите несовршености, но и таа има свои недостатоци. Овие продукти се полни со хемикалии кои понекогаш можат да ѝ наштетат на вашата кожа. Па погледнете зошто понекогаш е добро да го одморите лицето од шминка.

6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминка

1. Ќе ви се намалат порите

Кога честичките од шминката доаѓаат во контакт со штетните материи од воздухот, се создава нечистотија која ги затвора порите. По некое време овие пори се прошируваат и можат да ви создадат големи проблеми. Доколку не користите шминка, кожата ќе го регулира овој проблем, а ќе се намали и појавувањето на брчките.

2. Помалку мозолчиња

Редовното шминкање може да предизвика појава на мозолчиња поради токсините кои се впиваат во кожата. Четките за шминкање можат дополнително да го влошат проблемот. Доколку не ги чистите редовно, на нив се создаваат бактерии кои потоа завршуваат на вашата кожа. Сето ова предизвикува проблеми со акни и мозолчиња.

3. Навлажнување на сувата кожа

Шминката навистина ѝ штети на сувата кожа бидејќи го спречува природното обновување на клетките. Наместо тоа, мртвите клетки се таложат и кожата почнува да се суши. Доколку имате проблем со сува кожа, најдобро е да избегнувате шминка, или да најдете продукти кои се погодни за вашиот тип. Исто така редовно користете хидратантна крема.

4. Ќе се намалат алергиските реакции

Многу продукти за шминкање се полни со сулфати и метали, а токму тие можат да предизвикаат алергии. Алергиите можат да се манифестираат како црвенило или сувост, а тоа значи дека одреден вид шминка не одговара на вашата кожа

5. Подобро здравје

Кога ќе ја намалите нечистотијата на кожата, таа ќе стане мазна и нежна. Доколку можете 2-3 дена неделно да избегнувате шминки, вашата кожа, но и вашето тело ќе бидат поздрави. Имено, канцерогените материи кои се наоѓаат во кармините можат да го зголемат и ризикот од висок притисок, па дури и да делуваат на вашата плодност.

6. Помалку воспаленија на очите

Доколку ве чешаат очите или сте забележале отоци и црвенило, причината може да биде вашата шминка. Всушност, маскарата го поттикнува ширењето на бактериите и може да предизвика непријатно чувство на очите.

Од голема важност е и какви продукти за шминкање користите, па погледнете ги знаците кои покажуваат дека купувате шминка која не ви одговара.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар