6 правила за долната облека според кои треба да живее секоја жена

Девојки, време е да признаеме дека не зборуваме доволно за долната облека. Доказ? Дали знаевте дека погрешниот пар долна облека за време на вежбање може да го зголеми ризикот од инфекции? Или дека постојат моменти кога е добро да не носите долна облека? Затоа што сме скоро сигурни дека не знаевте, подготвивме 6 важни правила кои дефинитивно мора да ги знаете.

0-6-pravila-spored-koi-treba-da-zhivee-sekoja-zhena-kafepauza.mk

1. Оставете ја да дише

Освен што е неверојатно неудобна, кога ја носите подолг временски период, тесната долна облека е многу нездрава за вашата вагина затоа што спречува ветреење. А освен кројот, важен е и материјалот.

Памучната долна облека е најдобра поради тоа што ѝ дозволува на кожата да дише. Синтетичките материјали ја задржуваат влагата и можат да создадат иритација на кожата.

Иако памукот е првиот и најдобриот избор, некогаш изгледа лошо под облеката. Затоа постојат и други избори како: полиестер, најлон, ликра или мидер – овие материјали некогаш се порастегливи и подобро изгледаат под облеката, а сепак имаат памучни делови.

2. Користете прашок за алишта кој не создава иритации на кожата

Обрнете што е можно повеќе внимание на кожата која се наоѓа „таму долу“. Користете хипоалергенски прашок кој е направен за чувствителна кожа – без бои и парфеми. Исто така избегнувајте да ја плавите облеката ако таму се и вашите гаќички. Ако ги плавите гаќичките, ризикувате да ги уништите затоа што тие ќе се излитат и плус, може да се изложите на хемикалии кои при реакција со ластикот создаваат алергиска реакција на кожата.

3. Менувајте ги

Очигледно е, така? Освен тоа што треба да ги менувате секојдневно, треба да избегнувате да седите во влажен пар, особено во спарно летно попладне, или уште полошо после вежбање, затоа што тоа е најлесниот начин да закачите габична инфекција.

Долната облека собира влага, а бактериите и габите обожуваат да се размножуваат во топли и влажни средини. Без разлика дали сте подложни на инфекции или не, користете ја влагата како знак дека треба да ги фрлите гаќичките. Ако имате вагинален исцедок – ја чувствувате влажноста, тогаш е време да ги фрлите за перење.

Исто така важно е да знаете дека гаќичките имаат рок на траење – кога е ластикот е попуштен, тие не стојат на место и создаваат дополнително триење, тогаш време е да ги фрлите и да си купите нов пар.

4. Размислете пред да облечете танга

Поради природата на нивниот дизајн, тангите можат да предизвикаат создавање на колонии од бактерии кои се движат кон и во вагината. Ова може да го наруши нормалното живеалиште на бактериите и да го зголеми ризикот од вагинални и уринарни инфекции.

Никако, повторуваме, никако не вежбајте во танга. Инвестирајте во добар пар гаќички наменети исклучиво за вежбање. Голем дел од спортската опрема веќе содржи вакви елементи. Градниците, чорапите, шорцевите и долната облека сега имаат некаков најлонски материјал кој ја апсорбира потта и ја отстранува од телото за тоа да останува суво. Последното нешто што би сакале е да седите во влажен пар гаќички.

Совет плус: Лимитирајте ја употребата на танга – носете ги само кога апсолутно морате.

5. Проучете ги дамките

Не треба да набљудувате толку одблизу колку што мислите, но треба да внимавате затоа што вашиот исцедок може многу да ви каже за вашето здравје и дали сѐ е нормално таму долу.

„Нормалното“ е различно за секоја девојка. Белиот исцедок не секогаш е загрижувачки, но ако тој има лош мирис или имате крв, а не е време за месечниот циклус, тогаш треба да посетите доктор.

6. Кога не треба да носите гаќички?

Веројатно сте се прашувале кога е во ред да не носите гаќи, а тоа е кога ниеден друг материјал не ја допира т.е. не создава триење на вулвата. Исто така, има некои моменти кога мислите дека не треба да носите гаќи, а всушност треба. Не, не станува збор за моментите кога ќе одлучите да носите фустан на ветровит ден.

Како што горе објаснивме, секогаш носете долна облека кога вежбате. Ако не носите, поради триењето, може да ја иритирате кожата. Уште еден случај кога носењето долна облека е препорачливо е со фармерки – затоа што тие можат да предизвикаат плускавици и инфекции во и околу вагината.

Најбезбедна варијанта е да не ги носите кога спиете. Всушност, тоа е една од најздравите опции. Ако жената има проблеми со вагината, исцедокот или чувствува болка, тогаш спиењето голи е најдобра опција.

За крај, постојат многу различни типови гаќички и секако дека ќе најдете нешто што одговара на сите критериуми – да изгледа убаво и прави да се чувствувате убаво.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар