6 прашања коишто учтивите луѓе не ги поставуваат

6 прашања коишто учтивите луѓе не ги поставуваат

Вештините за комуникација се важни и за професионалниот и за приватниот живот. Но, понекогаш секој може да постави непристојно прашање, дури и кога не сакал да го навреди соговорникот. За да не дојдете до ваква ситуација, потребно е да избегнувате одредени прашања. Погледнете за кои станува збор.

6 прашања коишто учтивите луѓе не ги поставуваат

1. „Дали ова е твојата мајка?“

Доколку не сте сигурни во каков однос се луѓето кои стојат пред вас, најдобро е да не се обидувате да погодите. Можно е да го повредите вашиот соговорник доколку го прашате дали некој му е мајка, татко, сестра и слично. Можно е постарата сестра да ја наречете мајка, а ова може навистина да навреди некого. Поедноставно и пољубезно е овие заклучоци да ги донесете со набљудување на однесувањето и говорот на луѓето.

2. „Колку долго сте заедно?“

Луѓето сакаат да зборуваат за нивните, но и за туѓите врски. Како и да е, доколку вашите соговорници не сакаат да зборуваат за нивната врска, најдобро е да не ги прашувате колку време се заедно или дали планираат брак. Можно е тие да се само познаници, да имаат проблеми во врската и слично. Исто така, прашањето за брак може да биде непријатно за паровите кои не ја дискутирале оваа тема или кои не можат да најдат согласување.

3. „Кога ќе имате деца?“

Овде спаѓаат и прашањата како „Дали имате деца?“, „Дали си бремена?“, „Дали повеќе сакате машки или женско?“ и слично. Овие прашања можат лесно да навредат некој, особено ако станува збор за пар што не може да има деца. Исто така кога ќе прашате некоја жена дали е бремена, на некој начин ѝ кажувате дека сте забележале дека се здебелила. Доколку вашите соговорници имаат деца, најдобро е да ги прашате за нивните интереси. Доколку немаат деца, најдобро е да ја избегнувате темата.

4. „За што ти е тоа?“

Разговорот за хобија е интересна тема и им помага на луѓето да се зближат. Но и овде постојат прашања што можат да предизвикаат непријатна ситуација. На пример, ако прашате некој зошто има пет кучиња или зошто се бави со скапо хоби, таа личност ќе се чувствува непријатно. Можно е и да си помисли дека ѝ се потсмевате.

5. „Колкава плата земаш?“

Многу луѓе го поставуваат ова прашање. Наместо тоа, подобро прашајте го соговорникот колкави се платите во неговата област. Понекогаш луѓето не сакаат да кажат дека заработуваат помалку од очекуваното и дека едноставно си ја сакаат работата. Или можеби не ја сакаат нивната работа, но моментално не можат да најдат ништо друго. Како и да е, прашањата за платата се премногу лични и најдобро е да ги изоставите.

6. „Колку плати за тоа?“

Трошоците се уште една непријатна тема. Можеби само сакате да ја знаете цената на нешто за да споредите колку сте потрошиле вие за истото. Но, некои луѓе може да го сфатат ова како душкање во нивната финансиска состојба.

Како да одговорите на непријатните прашања?

Доколку вам ви постават некое од овие или друго непријатно прашање, најлесно ќе се извлечете ако дадете краток одговор или ако едноставно одбиете да одговорите. Можете и да го игнорирате прашањето, со што ќе му дадете до знаење на соговорникот дека ви е непријатно и дека не сакате да разговарате за тоа. Доколку соговорникот сепак инсистира, едноставно кажете му дека нема да одговорите и променете ја темата.

Погледнете и кои се фразите што паметните луѓе никогаш не ги користат за време на разговор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар