6 оригинални начини да го користите ајлајнерот

Мејкап артистот Лиз Оливер ни предлага 6 колоритни и сосема неочекувани изгледи на очите кои ви препорачуваме да ги пробате уште викендов. Храбри се и неконвенционални, но одлични за пролетните и летните денови.

1. Сино омбре

Океанско сините очи изгледаат одлично во лето, особено доколку сте на одмор покрај море. Целото око е исцртано со светла интензивна сина, а потоа линијата е помешана и замачкана со потемна нијанса одозгора, повлечена од средината кон надворешните агли на окото за да се постигне побогата димензија.

1-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mk

2. Розов акцент

Веројатно розовата не е првата боја по која би посегнале за да ги нашминкате очите, но оваа идеја може да ви се допадне. Линија во силна дреч розова боја (не нежни или бледи нијанси), преку горниот или долниот капак изгледа неверојатно добро. Нанесете и сенка во прав врз течниот ајлајнер за да постигнете попигментен впечаток.

2-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mk

3. Негативен простор

За неконвенционален изглед кој ќе ви ги отвори очите, создадете негативен простор така што ќе нацртате тенки испрекинати линии со ајлајнер.

3-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mk

4. Метално и светкаво

Светките изгледаат многу покул кога се во асфалтно сива боја. Задржете го моливчето само на 3 точки.

4-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mk

5. Колорно блокирање

Распрсканите виножита кои одат сè до коската кај веѓата изгледаат одлично на модните писти, но тешко се постигнуваат. Трикот е да се држите до комплементарните основни бои при комбинирањето и да имате мирна рака додека нанесувате прецизни чисти линии.

5-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mk

6. Моќни линии

Овој мејкап дава впечатлив изглед кој потсеќа на раширени крилја, кои треба да бидат тенки и убаво подигнати нагоре. Не трудете се да ја споите горната линија. Едноставно повлечете од делот каде што се создаваат брчките.

6-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    glupost

Остави коментар