6 нешта што не смеете да ѝ ги кажете на личност што посвојува дете

Можеби вашата пријателка ви кажала дека ќе посвојува дете и вие се разбира сте пресреќни. Но, потребно е да внимавате што ќе ѝ кажете во олку стресен период. Овие нешта треба да ги избегнувате по секоја цена.

6 нешта што не смеете да ѝ ги кажете на личност што посвојува дете

1. „Сега сигурно ќе останеш бремена!“

Ова често е придружено со некоја вистинска приказна за нечија пријателка која посвоила дете, па останала бремена 3 месеци подоцна. Можеби се шегувате или пак сакате да кажете дека доаѓаат добри денови, но овој коментар покажува дека посвојувањето била последна надеж, или пак дека детето нема да биде сакано како биолошко.

2. „Колку ќе ве чини?“

Посвојувањето може да биде скапо, но немојте да ги прашувате родителите колкава сума ќе одвојат за тоа. Ако прашувате за да помогнете, подобро организирајте некаков настан кога вашата пријателка ќе биде подготвена. Или пак, можете да ја прашате дали има потреба од облека или каква било опрема.

3. „Третиот братучед на еден колега посвои и имаше ужасно искуство“

Ова е очигледно. Без разлика колку хорор приказни имате за посвојување, никогаш немојте да ги споделувате со пријателката што планира да посвои. Размислувајте за ова на следниов начин – ако вашата пријателка е бремена, дали би ѝ зборувале за спонтан абортус?

4. „Овој процес трае вечно“

Можеби сакате да ја искажете вашата фрустрација, но немојте. Вашата пријателка веќе е свесна за тоа. Наместо тоа обидете се да разговарате за „мајчински“ работи – како да ја декорира собата или кои училишта се најдобри.

5. „Детето ќе биде пресреќно да те има за родител“

Ова е тешко бидејќи е навистина добар комплимент. Но, немојте да ја правите вашата пријателка светица. Таа посвојува бидејќи сака да има дете, не бидејќи детето е случај за добротворни цели.“

6. „Никогаш не сум размислувал/а за посвојување“

Немојте да го кажувате ова освен ако навистина не го мислите. Одлуката за посвојување обично трае долго и вашата пријателка сигурно не ја донела туку-така. Ако сериозно размислувате за посвојување, прво истражете самите па потоа пристапете ѝ на пријателката.

Прочитајте ги и вистините за посвојувањето кои треба да ги знаат сите кои сакаат да посвојат дете.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар