6 места на отворено каде што никогаш не треба да имате секс

Можеби изгледа романтично, возбудливо и страсно на филмовите, но верувајте, сексуалниот однос на овие 6 места води кон несакани последици кои тотално не вредат за самиот акт.

6 места на отворено каде што никогаш не треба да имате секс

1. Автомобил во движење

Иако веќе ги знаете очигледните причини поради кои не би требало да имате секс во автомобил додека возите, сепак ќе ги поткрепиме со факти. Анализите на сообраќајните несреќи ширум светот покажале дека 1/3 од луѓето кои признале дека имале однос во автомобил во движење возеле пребрзо, 1/3 без да забележат влегувале во спротивни ленти и 11% признале дека целосно го пуштиле воланот за време на сексуалниот акт. Доколку навистина ви се брза и не можете да издржите, едноставно паркирајте го вашиот автомобил. Нема да биде толку „жешко“ доколку убиете некој во процесот на вашето задоволување.

2. Базен

Сексуалниот однос во базен можеби изгледа секси во филмовите, но знаете што не е толку возбудливо во реалноста? Хлорот од базенот може да ја промени pH вредноста на вашата вагина до тој степен што ќе ви предизвика габична инфекција. Дури и да не се случи ова најлошо сценарио, сепак во најмала рака вие ќе завршите со некаков вид инфекција доколку се изложите на сексуален однос во тешко хлорирана вода.

3. Океан

Не постои личност која барем еднаш не си замислувала дека има секс како сирена. Океанот е прекрасно место кое е многу добро за вашето здравје (и секако, нема хлор), па доколку сте доволно среќни ќе можете да се почувствувате како вистински суштества на морето. Но, пред да се решите на овој чекор, потсетете се на оној пар од Италија кои се обиделе да имаат секс во океанот и необјасниво се заглавиле за време на процесот. Тие морале да одат во болница каде што грлото на матката на жената морало да биде проширено со цел да ги одвојат. Можете да замислите колку им било непријатно во амбулантното возило.

4. Балкон

Балконите се прекрасни места доколку не се плашите од висини, па токму затоа и не изненадува фактот што многумина ги гледаат како едно од најинтересните места за сексуален однос. Но, постои еден мал проблем. Луѓето умираат на овој начин. Постојат многу записи каде што парови за време на страста во односот изгубиле осет за тоа каде точно се наоѓаат и едноставно се превртеле од балконот и паднале. Ниту еден сексуален однос не вреди толку за да го изгубите вашиот живот за него.

5. Песок

Постојат многу филмови кои можеби ве убедиле дека сексуалниот однос на плажа е еден од најжешките кои можете да ги доживеете, но според докторите, по сексуалниот однос на песок, жените можат да завршат со болки, исекотини и инфекција на вагината. Накратко, вашето „тркалање“ во песокот има големи шанси да доведе до солзи во вашите очи поради непријатноста која ќе ја чувствувате во областа кај вагината.

6. Подвижни тоалети

Постојат барем 5 различни инфекции кои можете одеднаш да ги закачите од сексуалниот однос во мобилен тоалет. Симптомите вклучуваат дијареја и повраќање, меѓу другите, па токму затоа обидете се да се воздржите или пак, најдете некое друго место (кое не ги вклучува претходните 5 од оваа листа) каде што би можеле да имате секс со вашиот партнер или партнерка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар