6 лаги што никогаш не смеете да си ги кажувате доколку сакате да бидете среќни

Сите понекогаш лажеме. Во ред е да ја ублажувате вистината, особено ако не сакате премногу да се отворите пред луѓе кои не ги познавате доволно, но постојат работи што мора да ги прифатите. Ова се 6-те лаги што мора да престанете да си ги кажувате себеси доколку сакате да бидете среќни…

6 лаги што никогаш не смеете да си ги кажувате доколку сакате да бидете среќни

1. „Добро сум“

Во ред е да го кажете ова кога не сакате да ги загрижите вашите најблиски, но лошо е кога ќе почнете да си го велите тоа самите себеси. Ова го прават луѓето кои имаат многу проблеми и наместо да ги решат, тие се убедуваат себеси дека сѐ е во ред. Морате храбро да се соочите со реалноста. Човечки е да се греши, а проблемите се јавуваат дури и тогаш кога правите сѐ како што треба. Веднаш соочете се со потешкотиите за да можете со мирна глава да стигнете до својата цел.

2. „Тој/таа не ми треба. Подобро е да бидам сам/а“

Понекогаш ги оддалечуваме од себе луѓето кои ги сакаме, бидејќи мислиме дека ќе ни биде полесно ако не започнеме сериозна врска. На крајот, поради лагата што сме си ја кажале самите, завршуваме сами и депресивни. Сите потајно се плашиме да не бидеме повредени, но не треба поради тоа да ги пропуштаме прекрасните животни искуства. Ако имате некој кој ве сака и кој е секогаш тука за вас, тоа е нешто извонредно. Треба да си признаете дека поентата на љубовната врска е заедничкиот напредок. Не е вистина дека ви е подобро кога сте сами.

3. „Не сакам да се менувам. Таков/таква сум каков/каква што сум“

Ова најчесто си го велиме кога ќе направиме нешто лошо поради коешто се каеме, па со помош на ваквата изјава се обидуваме да се чувствуваме попријатно и да си ја зголемиме самодовербата. Луѓето исто така си ги кажуваат овие работи затоа што не веруваат дека можат да се сменат и немаат доволно храброст да работат на себе. Вистината е дека луѓето најлесно се менуваат, бидејќи тие по природа се прилагодливи суштества. На тој начин, тие еволуираат и напредуваат.

6 лаги што никогаш не смеете да си ги кажувате доколку сакате да бидете среќни

4. „Не можам“

Насекаде околу вас има примери на луѓе кои успеале. Оваа лага е една од најлошите што можете да си ги кажете себеси и таа автоматски го убива вашиот елан и самодоверба, намалувајќи ги вашите шанси за успех. Верувајте дека навистина можете да направите сѐ. Доколку се убедувате себеси дека не можете, тогаш навистина ќе биде така. Заборавете на сѐ и храбро тргнете напред.

5. „Не заслужувам да бидам среќен/на“

Ова мислење е многу погрешно, бидејќи секој заслужува среќа. Среќата е слободен избор и универзумот има подготвено многу работи за вас. Колку повеќе споделувате со другите толку повеќе ќе има и за вас. Доколку сте направиле нешто лошо и се каете, секако дека заслужувате втора шанса. Сите се надеваме дека ќе успееме да станеме среќни, па затоа никогаш немојте да се убедувате во спротивното.

6. „Сега не е вистинскиот момент“

Никогаш не е вистинскиот момент. Доколку постојано си велите „Не сега“, тоа полека ќе се претвори во „Никогаш“. Не постои подобар момент за да го сторите тоа што сакате да го направите токму сега. Па затоа, без разлика што сакате да направите, почнете, додека не стане предоцна. Јавете ѝ се на саканата личност, почнете да го подготвувате испитот, престанете да пушите, запросете ја девојката, извинете се некому, запишете се на курс… Ограничувањата постојат само во вашата глава.

Прочитајте ги и овие 9 суптилни лаги што постојано си ги кажуваме себеси.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар