6 грешки кои ги правите при миењето на забите

6 грешки кои ги правите при миењето на забите

Можеби ги миете забите секој ден, но ако правите некоја од овие грешки тие сепак не се добро заштитени. Д-р Едмонд Хјулит има совети за вас како да ги исправите.

6 грешки кои ги правите при миењето на забите

1. Ги миете забите во погрешно време

Според д-р Хјулит четката за заби треба да биде последното нешто кое допира до забите навечер. Ако каснете нешто по миењето на забите тоа ќе се задржи на нив и ќе почне да ги оштетува.

2. Користите погрешна четкичка

Изберете четкичка за заби со меки влакна затоа што таа подобро ја чисти глеѓта. Оние со поцврсто влакно можат дури и малку да ја оштетат глеѓта и да го изложат коренот на забот на оштетување.

3. Имате погрешна техника на четкање

Поминувањето со четкичката по забите не ја завршува работата. Д-р Хјулит препорачува свртување на четкичката за 30-45 степени кога ја четкате глеѓта со цел подобро миење на она што предизвикува забен камен. Миењето на задниот дел на вилицата треба да се направи со вертикално држење на четкичката, а неопходно е добро да се измие и задниот дел на устата. Сето тоа треба да трае по две минути два пати дневно, при што треба да се задржите по 30 секунди на секоја четвртина од вилицата.

4. Не ја плакнете добро устата

Устата треба добро да се исплакне после четкањето на забите. Плукањето на пастата за заби не е доволно, затоа што на тој начин во устата останува она што сте го тргнале од забите.

5. Не обрнувате внимание на остатокот од устата

Целата уста се мие, а не само забите. Ситни остатоци од храната можат да се заглават и на јазикот и да бидат плодно поле за создавање на бактерии кои им штетат на забите.

6. Не ја менувате четкичката

Лекарите препорачуваат менување на четкичката на секои три до четири месеци. Истрошените четкички нема ефикасно да го отстранат она што треба да го отстранат и миењето на забите со нив е речиси бескорисно. Исто така, тие треба да се менуваат и откако ќе оздравете од некоја болест затоа што можеби тие кај себе сè уште ја имаат бактеријата која ве разболела.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар