6 големи грешки коишто ги уништуваат семејните врски

6 големи грешки коишто ги уништуваат семејните врски

Семејството треба да биде основниот извор на љубов, прифаќање и поддршка на една личност. За жал, многу од семејствата го немаат ова и не прават работи коишто би го смениле тоа. Разбирањето на проблемот е првиот чекор кон пронаоѓање на решението, а овие се 6-те најчести работи коишто го уништуваат поширокото семејство.

1. Навреди и критикувања

Зборовите имаат одредена тежина, а во некои случаи може да бидат претешки за некоја личност. Кога се однесувате нељубезно кон членовите од вашето семејство, вие ги повредувате нив, па наместо охрабрување и поддршка, со негативните зборови ги уништувате семејните односи. Некои може да мислат дека зборовите се кажани во брзина и без размислување, но вистината е дека навредливите зборови болат, кога било да се изговорени. Навредите и критиките создаваат јаз во семејните врски, а за да ја поправите таа штета потребно е време и позитивни интеракции. Но, не сите навреди може да се поправат, затоа, бидете внимателни со вашите зборови и потсетете се дека семејството е вашата најголема поддршка во животот. Потсетете се на старата поговорка која вели: „Ако немате нешто убаво да кажете, подобро не кажувајте ништо.“

2. Озборување

Озборувањето е многу штетно. Најчестите озборувања се случуваат кога некој е вознемирен од нешто во врска со лицето за коешто се озборува. Тоа може да направи привремено да се чувствувате подобро, но на крајот тоа нема да го реши проблемот. Ако имате проблеми или нејасности со некој во семејството, тогаш обратете им се директно на нив, без притоа во сето тоа да го инволвирате целото семејство. Некои луѓе имаат навика да го прават ова, надевајќи се дека некои членови од семејството ќе застанат на нивна страна во одредена ситуација. Но, тоа претставува дополнителен проблем затоа што не помага, туку создава уште еден јаз во семејните врски. Дискутирајте за проблемите, но не зборувајте лошо за членовите на семејството зад нивниот грб.

3. Недоволна вклученост во семејството

Вклучувањето на членовите во семејните работи е од исклучително значење. Дискутирајте за проблемите, заеднички правете планови и споделувајте ги моментите од животот. Честопати неуспехот доаѓа токму поради тоа што одредени членови се чувствуваат дека не се значајни и дека не припаѓаат во семејниот круг. Ако вашата цел е да постигнете семејно единство и љубов, тогаш обидувајте се да ги вклучите сите членови на семејството во семејните собири и одлуки. Не наоѓајте оправдување да не го направите тоа!

4. Измами и лаги

Измамите се деструктивни за семејството, затоа што вистината секогаш преовладува. Понекогаш лагите може да траат со години и да бидат пренесувани од генерации на генерации, но еден ден сето тоа ќе излезе на виделина. Ако не можете да бидете искрени со семејството, тогаш со кого би можеле? Лагите и измамите ја уништуваат довербата која треба да постои во едно семејство и колку е поголема лагата, толку е поголем и јазот во семејните врски. Запаметете дека вашите акции оставаат длабоки траги не само во сегашноста, туку и за генерациите коишто доаѓаат. Колку и да е тешка лагата, најчесто е подобро да бидете отворени и да ја признаете вистината.

5. Не ги прифаќате разликите

Децата коишто растат во ист дом, со исти родители, иста дисциплина и исти насоки во животот, нема да бидат исти со своите браќа и сестри кога ќе пораснат. Сите ние сме различни, затоа, дозволете им и на другите да бидат различни. Само затоа што сте од исто семејство не мора да значи дека треба да ги делите истите ставови. Луѓето кога ќе пораснат имаат различни избори и различен животен стил, но тоа не е причина да ги осудувате. Ако едно семејство не е подготвено да ги прифаќа разликите, тогаш во основа тоа не е вистинско семејство. Прифатете ги луѓето онакви какви што сте, затоа што тоа е вистинската форма на љубов.

6. Не простувате и не се извинувате

Извинувањето и простувањето се едни од најмоќните работи коишто го држат семејството обединето. Никој не е совршен, па затоа во одреден момент вие може да му згрешите на некој член од семејството. Тогаш е потребно да ја отфрлите гордоста и да се извините. Со ова вие ќе дадете до знаење дека вам ви е важна таа личност и дека не сакате да има недоразбирања помеѓу вас. Доколку пак не се извините, вие оставате впечаток дека таа личност не ви е битна и дека не ви се важни нејзините чувства. Не е неуспех доколку се извините, туку тоа е одраз на силниот карактер. Бидете голем човек и извинете се кога ќе погрешите. Доколку пак вам некој ви згреши и ви се извини, бидете човечни и простете. Покажете ја вашата прошка со постапки ако не можете со зборови, затоа што честопати постапките зборуваат погласно од зборовите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар