50 навидум едноставни животни лекции кои значително ќе ви ги прошират видиците - Part 2

50 навидум едноставни животни лекции кои значително ќе ви ги прошират видиците

26. На никој не му е гајле за вашите достигнувања, надежи, соништа или планови за во иднина. На другите им е само гајле, за она што можете да го направите за нив.

27. Секој ден, обидувајте се да смените барем едно нешто. Клучот за успехот и среќата лежи во постојаниот развој. Никогаш не престанувајте да растете!

28. Секогаш ќе постојат луѓе кои се подобри и полоши од вас во нешто. Учете од подобрите и бидете благодарни што не сте од полошите.

50 навидум едноставни животни лекции кои значително ќе ви ги прошират видиците

29. Морате да го правите она што морате да го правите, сè до оној момент кога ќе можете да го правите, она што сте сакале да го направите.

30. Уживајте во моќта и убавината на вашата младост. Ќе ви недостасува кога ќе ја немате. Во староста, ќе се навратите назад низ годините и ќе сфатите колку прекрасни во суштина сте биле.

31. Претпоставувајте дека сите имаат добра намера. Тоа ќе ве заштити од многу непотребна драма и погрешно толкување на постапките на другите. Воедно, ваквата претпоставка ќе предизвика да се чувствуваат ужасно сите оние, кои што навистина имале лоша намера, а тоа ќе биде забавно за вас.

32. Не секоја акција, заслужува реакција. Нема потреба да им возвраќате на сите негативни личности или нешта коишто се случуваат во светот.

33. Реалноста е, дека никој не обрнува толку внимание на вас, колку што вие самите си обрнувате на себе.

34. Никогаш не дозволувајте вашиот работодавец да се однесува со вас на начин, на којшто не би му дозволиле да се однесува вашиот љубовен партнер: вие сте во сериозна врска, и со едниот, и со другиот.

35. Доколку останувате будни по цели ноќи за да бидете со момчиња, нема да можете да станувате рано, кога се будат вистинските мажи.

36. Ако забележите некој дека е сосема сам, не заборавајте секогаш да го поздравите. Никогаш не можете да знаете колку едно обично „здраво“ ќе ѝ значи на некоја личност.

37. Доколку не добиете одговор назад, тогаш токму тоа е одговорот.

38. Престанете да се обидувате само да преживеете, туку почнете да се обидувате вистински да живеете.

39. Постојат само две личности на овој свет коишто треба да ги направите среќни, покрај себеси. Тоа е личноста којашто ви дава плата и личноста со којашто го делите креветот. Никој друг.

40. Никогаш немојте да дозволите некој друг да биде главната ѕвезда во вашиот филм.

41. Доколку нешто ќе ви одземе само 8 минути, тогаш завршете го.

42. Легнете си во кревет налутени. Не иницирајте емоционална, бурна кавга со вашиот партнер, во 3 часот наутро. Преспијте, дадете си малку време да се релаксирате и разговарајте на темата следното утро, бидејќи тогаш ќе бидете поспособни да размислувате бистро.

43. Никогаш немојте да затворате врата којашто ќе се заклучи зад вас, освен ако навистина не чувствувате дека ги држите клучевите во вашата дланка.

44. Доколку некое нешто нема да ве вознемирува за една година од сега, тогаш не треба да ве загрижува ни во сегашниов момент.

45. Кој е најважниот чекор којшто еден човек треба да го направи? Следниот.

46. Нека не ви биде криво. Наместо тоа, подобрете се за во иднина.

47. Не влегувајте во жестоки дискусии за неважни или тешки теми, бидејќи дури и најмалите битки, може да се претворат во војна.

48. Немојте да ја барате совршената личност за вас. Таква личност не постои. Наместо тоа, барајте маж, со чиишто мани ќе можете да живеете.

49. Интимата не секогаш се однесува на сексот. Научете како, понекогаш да бидете интимни и без него.

50. Грижете се за себеси, бидејќи вие сте најважната личност во вашиот живот.

Можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 50 моќни мисли што почесто треба да ги изговарате


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар