5 знаци дека вашите вибрации се ниски

Дали сте среќни и полни со ентузијазам? Доколку одговорот е не, најверојатно вашите вибрации се ниски. Ние сме енергија, а нашите мисли, чувства, однесувања и постапки имаат влијание на нашата фреквенција. Понекогаш, поради разни причини, запаѓаме во стапица на ниска фреквенција, ограничувајќи ги нашите моќи и потенцијали. Постојат неколку знаци кои ја рефлектираат вашата претерана „приврзаност“ со оваа материјална димензија, а во продолжение дознајте кои се тие.

5 знаци дека вашите вибрации се ниски

1. Самосожалување

Доколку забележите дека се чувствувате невредно или инфериорно во однос на другите, ова е моментот кога физичкиот свет ве повлекол надолу. Вие не сте овде за да бидете познати, богати или успешни. Вие сте овде да научите за вашата свест. Ништо на Земјата не трае вечно – ниту парите, ниту успехот, ниту пак нашите тела. Штом ќе ја научите оваа лекција, успехот најверојатно самиот ќе дојде кај вас.

2. Постојано ги критикувате и обвинувате другите

Донекаде оваа точка е слична со претходната. Кога жалењето и вината го засенуваат вашиот потенцијал и волја, полесно е да ги обвините другите. Па доколку почнете со критикување, ова е знак дека вашата вибрација е ниска. Критикувањето може да биде корисно, но доколку постојано осудувате, тоа станува опсесија. Ослободете се од ова и преземете одговорност за вашата судбина, Ова е најмоќното нешто што можете да го направите.

3. Смеата ве иритира

Дали сте помислиле или сте почувствувале дека не припаѓате кај среќните луѓе? Можеби пак мислите дека смеењето е плитко покрај сите проблеми во светот. И ова е знак дека вашата вибрација е ниска. Смеата не е само искажување радост, туку е и моќна алатка за подигнување на вашиот дух. Па, дозволете си да се смеете и уживајте во друштвото на оние околу вас.

4. Стравот ви го парализира животот

Иако понекогаш стравот е корисен, понекогаш може да ве спречи да го покажете вашиот цел потенцијал. Од што навистина се плашите? Дали ви е страв од смртта? Важно е да бидете свесни дека смртта е неизбежна, без разлика дали се плашите од неа или не. Но смртта можеби е само нов почеток. Иако треба да бидете приземјени, понекогаш е добро да погледнете кон ѕвездите. Вие имате моќ да го промените вашиот живот, па не дозволувајте му на стравот да ве кочи.

5. Опседнати сте со материјални нешта и физички потреби

Дали секое утро се будите со мислата како да заработите повеќе пари? А како точно ги користите овие пари? Дали ги користите за да заработите или купувате повеќе нешта, или пак ги користите за вашиот духовен развој? Повеќето луѓе погрешно ги користат парите и физичките потреби и запаѓаат во оваа стапица. Не заборавајте дека парите и физичките потреби се само манифестација на виталната енергија во вашиот живот. И парите и физичките потреби создаваат зависност. Тие се убави нешта и треба да ги цените, но научете да ги употребувате во ваша корист.

Погледнете ги и останатите знаци кои покажуваат дали вашите вибрации се ниски или високи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар