5 знаци дека тој токсично влијае врз вас

Секоја љубовна врска е уникатна и најчесто не можеме да кажеме дали за некого нешто е правилно или погрешно бидејќи не сме во нивната глава, но сепак постојат неколку универзално лоши однесувања кои мора да научите како да ги препознавате со цел на време да ги спречите. Погледнете ги следниве 5 знаци кои укажуваат на фактот дека тој токсично влијае врз вас и дека можеби е време да продолжите понатаму.

5 знаци дека тој токсично влијае врз вас

1. Се плашите да ги спомнете проблемите. Бидејќи секој пат кога го правите тоа, тој ве напаѓа со навреда која е намената да ја сруши вашата самодоверба. Резултатот? Вие покрај него „одите на јајца“ со цел да не го вознемирите.

2. Зборот „извини“ не постои во неговиот речник. Сите ние правиме грешки. Сите освен него. Тој секогаш наоѓа логичен начин да ви покаже дека не сте во право и дека само неговото мислење е веродостојно. Дури и кога знаете дека сте во право. Токму затоа и поради него се чувствувате како да сте луди, иако сите добро знаеме дека не е така.

3. Нема да ви каже кога е повреден, туку ќе ви се одмазди. Доколку мисли дека флертувате со некого, тој нема да ви каже дека тоа му пречи. Наместо разговор, едноставно ќе се погрижи да го видите како тој флертува со друга жена. Полесно му е доколку го привлече вашето внимание повредувајќи ве, отколку да ви каже како навистина се чувствува.

4. Прави да изгледате глупаво пред други луѓе. На забави, тој го „храни“ своето его така што прави да изгледате како идиот пред останатите. Но, тоа што тој не го сфаќа е дека никому не му е забавно да го слушаат како ве критикува за начинот на кој ја држите чашата додека пиете коктел.

5. Се оддалечува кога се смеете и ве љуби кога плачете. Кога ќе добиете унапредување, тој наместо пофалба ќе ви каже: „Па, дали тоа значи дека сега ќе бидеш уште поголем роб на компанијата?“ Тој се плаши кога вие сте посилните и поуспешни, но се обидува да биде во ваша близина кога сте на дното, бидејќи тогаш се чувствува поважно од вас. Вистинскиот маж треба да аплаудира за вашиот потенцијал, не да го згушува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар