5-те стравови кои мора да ги победите

Секој чувствува страв кога треба да преземе некој поголем чекор, особено кога тоа треба да го стори на работен план. Но, сите тегоби и стравови кои ги чувствувате можат само да ве кочат во едно место, спречувајќи ве успешно да се искачите на професионалната скала, а ако сакате да бидете една успешна, професионална жена, тогаш стравот треба да го оставите зад себе. Ова се 5-те стравови кои најчесто ги чувствуваме кога се соочуваме со некој поголем предизвик и од кои конечно треба да се ослободите.

5 стравови кои мора да ги победите

1. „Не знам дали ќе можам да го поднесам притисокот.“

Кога имате своја фирма, дури и таа фирма да има само еден вработен, често ќе се соочувате со проблеми, но нема причина да не ги решавате. За да успеете во тоа, не смеете да ја изгубите главата туку мора да научите да го поднесувате стресот. Постојат бројни техники за оваа цел, од медитација до планинарење, па вие пронајдете ја онаа која најмногу ви одговара и дадете сѐ од себе. И не заборавајте, секогаш можете да побарате помош.

2. „Се плашам дека сѐ ќе уништам.“

Кој во денешно време не се плаши дека ќе остане без плата? Денес ништо не е сигурно, но ако не се обидете да го остварите својот сон можете да бидете сигурни само во едно – еден ден ќе се каете. Ако имате некоја добра идеја или план и волја за да го направите тоа, тргнете нанапред и покрај сите стравови и сомнежи. Луѓето кои ги развиле и прошириле своите фирми велат дека тој сомнеж во успехот е најдобро да го решите така што ќе го работите она што најдобро го знаете, составно и ден по ден.

3. „Што ако на никој не му се допадне мојата идеја?“

Понекогаш се потребни месеци упорност и труд за се допре до поголем број на клиенти/потрошувачи. Знајте го ова и воопшто не размислувајте за критичарите, а додека изминуваат овие месеци, добро би било да ги скратите и сите непотребни трошоци, да бидете поштедливи и да се опкружите со луѓе на чија поддршка секогаш може да сметате.

4. „Што ако останам без пари?“

Не паничете, сите знаеме колку пати ова му се случило на Доналд Трамп! Кога водите свој бизнис треба да имате голем извор на ентузијазам и енергија, а добро би било тоа да е така и со парите. Запрашајте се на кои инвеститори можете да сметате, посетувајте финансиски курсеви, побарајте совети од бизнисмени… Што повеќе информации имате, толку помал ќе биде стравот од банкротирањето.

5. „Но, јас не сум стручна во ова поле!“

Дури и ако својата професионална иднина ја гледате како шоу во кое единствената улога ја имате вие, не смеете сиот товар на своето мало или големо претпријатие да го носите на себе. Не можете да бидете експерти во сите подрачја на кои ќе наидувате во вашата работа, но затоа има луѓе кои имаат знаења и вештини кои вие не ги поседувате. Добро би било да имате некој кој претставува еден своевиден ментор за вашата работа, но треба да познавате и луѓе од различни струки чие знаење и помош може да ви затребаат. Се разбира, ви треба и една добра мрежа на професионални и работни познанства на која морате да почнете да работите пред да започнете свој бизнис и да ја негувате во текот на целиот ваш работен век.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар