5-те најдобри пролетни мејкап туторијали на Јутјуб

Со пролетта доаѓаат и новите мејкап трендови. Изгледа оваа пролет зачадените очи во темни тонови се менуваат со пастелен, сјаен и едноставен изглед. Токму затоа ги одделивме овие 5 одлични пролетни туторијали кои можат да ви послужат како инспирација.

5-те најдобри пролетни мејкап туторијали на Јутјуб

1. Свеж и чист пролетен изглед

Една од најдобрите козметички блогерки ни претставува совршен свеж и чист пролетен изглед. Тој е идеален за овој период бидејќи делува нежно и едноставно.

2. Бронза на очите и праска на усните

Овој пролетен изглед има совршено количество топлина, а бронзата им дава одличен сјај на очите. Бојата на праска на усните само дополнително го надополнува овој едноставен, но моќен пролетен изглед.

3. Суптилни пастелни бои

Ако сте личност која го обожава пролетното време, тогаш време е да ја извадите вашата пастелна шминка и веднаш да го пробате овој изглед. Следете ја блогерката која ќе ви покаже како да нанесете убави тонови на очите, без притоа да изгледате како кловн.

4. Совршена пролетна комбинација

Овој туторијал е одличен пример за совршен дневен пролетен изглед кој лесно може да се трансформира за вечерно излегување. Овој изглед одлично ги комбинира црвените со суптилните розови и златни тонови.

5. Силни бои

Оваа комбинација е за оние девојки кои сакаат да додадат малку повеќе бои во својот изглед. Со помош на овој туторијал можете да постигнете совршен изглед со комбинација од силни бои како сина, розова и виолетова.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар