5 стилски правила за жените со облини

Веќе некое време светот на најпосакуваните и најпривлечните им припаѓа на жените со облини. Пример за тоа се Скарлет Јохансон, Блејк Лајвли, Ева Менденс и Моника Белучи, но исто така и Ким Кардашијан која се прослави со нејзиното тело.

1-stilski-pravila-za-zhenite-so-oblini-kafepauza.mk

Ако сте дама која има поголеми облини добро е да ги знаете овие правила за стилизирање.

1. Фустанот на преклоп и краткиот џемпер знаат одлично да ги нагласат женските облини! Под џемперот можете да носите кошула или тенок, волнен фустан.

2. Можеби мислите дека не е точно, но на жените со облини од сите модели на фармерки најдобро им стојат залепени и ѕвонарки. Особено оние модели кои имаат висок струк.

3. „Цигара“ фармерките со висок струк од вискоза или свиленкаст материјал може да изгледаат многу елегантно, споени со класични салонки и атрактивна блуза.

4. Доколку сакате да создадете илузија на тенок струк, тоа најдобро ќе го направите со вклучување на каиш. Било да носите фустан, сукња или панталони, каишот ќе го нагласи струкот на најбрз и најлесен начин.

5. Клучен модел кој секоја жена со облини би требало да го има во својот плакар е сукња со „молив“ крој. Ако нешто Ким сфати со текот на времето е дека треба да остане верна на овој крој на сукња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар