5 совети што ќе ви помогнат конечно да ги исполните вашите фитнес цели

Навистина е тешко да бидете оптимисти за новогодишните одлуки кога 50 до 80% од нив се неуспешни. Поголемата физичка активност или слабеењето се едни од најчестите новогодишни одлуки, но понекогаш се и најтешки за остварување. За оваа година навистина да успеете во вашите цели, погледнете ги следниве совети.

5 совети што ќе ви помогнат конечно да ги исполните вашите фитнес цели

1. Направете ги целите специфични

Наместо да одберете нејасни одлуки како „да бидам во подобра форма“, бидете поспецифични. На пример, целта нека ви биде да се пријавите на некој маратон. Потребно е да правите мали чекори за навистина да стигнете до целта. Подобро поделете ја целта на помали делови, како: да си купите спортска опрема, да најдете тренер за трчање или да се зачлените во теретана.

2. Одберете ја совршената теретана

Потребно е да се чувствувате удобно кога ќе вежбате бидејќи на тој начин имате најголеми шанси да ја постигнете целта. Посетете неколку теретани пред да ја најдете совршената за вас. Потребно е да ви се допаѓа опкружувањето, а вработените да бидат пријателски настроени. Ако добивате добри инструкции од вработените и ви одговара распоредот, теретаната би требало да биде добра за вас.

3. Движете се кон целта

Штом ќе направите детален план, запишете го. Истражувањата покажале дека запишаните цели се остваруваат почесто од оние незапишаните. Потоа почнете со мали активности што ќе ве доближуваат до целта и претворете ги во навики. Ако целта ви е наутро да одите во теретана, започнете со правење склекови наутро во домот. Штом ќе се навикнете на таа рутина, префрлете го вежбањето во теретана.

4. Подгответе се за грешки

Планирањето на неуспехот, кој е навистина чест, е клучно. Избегнете ги лошите мисли кога нема да успеете. На овој начин ќе си го расипете расположението и ќе ја изгубите мотивацијата. Тоа што сте скршнале од патот не ве прави лоша личност. Доколку сте испуштиле неколку одења во теретана, секогаш можете да ги надополните.

5. Замислете си дека сте ја постигнале целта

Една од техниките што атлетичарите ги користат за постигнување на нивните цели е визуелизацијата. Ако ви е тешко да отидете во теретана, замислувајте си како секојдневно одите дотаму. Кога сте виделе нешто претходно, макар и само во вашиот ум, станува полесно да го направите. Она во коешто мозокот верува, телото го исполнува.

Погледнете ги и вежбите со кои ќе го трансформирате вашето тело.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар