5 причини зошто сте такви какви што сте

5 причини зошто сте такви какви што сте

Сигурно понекогаш ќе се најдете во ситуација кога со часови се обидувате да се анализирате себеси. Во тие моменти размислувате за тоа што е што не ви се допаѓа кај вас и како да се подобрите. Честопати ги занемарувате причините поради кои сте такви какви што сте. Но, доколку се обидете да ги разберете, ќе ви биде полесно да работите на својот личен развој.

5 причини зошто сте такви какви што сте

Вашата реакција кон критиката и желбата да им угодите на сите

Се чини дека по раѓање сте „програмирани“ да ја следите оваа формула, особено доколку сте жена. Жената уште од најмала возраст е условена да им угодува на другите. Таа е научена на манири кои сепак не важат за момчињата. Дали мажот не плаче бидејќи е силен, а жената не плаче затоа што е ладна како карактер? Склоноста кон туѓото угодување ве прави да бидете она што сте.

Колку брзо учите од сопствените грешки

Голем дел од луѓето никогаш не учат од сопствените грешки бидејќи се плашат да си ги признаат, но и да ја напуштат сопствената удобна зона. Така започнуваме врска со некого кој е всушност незаинтересиран за нас затоа што ни поставува некаква цел кон која се стремиме. Некои пак, сè уште ги трпат каприците на своите деца и нивното лошо однесување затоа што тоа се чини полесно отколку да се научи од грешката и отворено да се разговара за проблемот.

Дали имате надеж и верба

Во животот е неопходно да имате цел кон која ќе се стремите, но и надеж и верба во себе дека ќе ја остварите.

Дали ги обвинувате другите за сопствените проблеми

Обвинувањето на другите е типична реакција за синдромот „јас сум жртва“. Не го добивте унапредувањето на работа затоа што вашиот шеф е посебно наклонет кон личноста што ја унапредил на ваше место, вашите деца имаат лоши оценки на училиште бидејќи наставниците го мразат вашето семејство, итн.

Успехот е тој што ќе ви помогне да изградите сопствен став и карактер, а не неуспехот

Ова е голема причина зошто сте такви какви што сте. Неуспехот и тешкотиите не можат да го изградат добриот, цврст карактер без разлика на тврдењата на успешните. Успехот ќе ви помогне при зацврстување на карактерот, а вашите победи и времето кога сте биле први ве прави да бидете она што сте.

Откако ја прочитавте нашата листа со причини зошто сте такви какви што сте, можеби ќе сакате да прочитате и 12 навики во однесувањето кои се клучни за личност со добри манири.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар