5 причини зошто не можете да ја најдете работата од соништата

5 причини зошто не можете да ја најдете работата од соништата

Со години наназад слушаме дека треба да го работиме тоа што го сакаме и да ги следиме своите страсти. Овие совети добиваат многу поголемо значење за новите генерации, чии што можности се речиси неограничени. Новите генерации имаат пристап до огромен број информации, со што им се отвораат можности за остварување на многу креативни и оригинални идеи. Интернетот и сиот технолошки развој овозможуваат замислите, со малку труд и иновативност, да прераснат во вистински дела. Голем број луѓе низ светот ја работат работата што навистина ја сакаат, истовремено забавувајќи се.

(0) 5 прични кои ги спречуваат луѓето да ја најдат работата од соништата

Тоа е навистина можно, иако некои професии ќе ви донесат повеќе задоволство одошто заработка, но тука се наметнува прашањето – која е поентата да имате работа што ви носи пари, а немате никакво задоволство од неа? Изборот е ваш. Никој друг не може да избере место вас. Секогаш знаете повеќе отколку што мислите, па затоа следете ги своите емоции и ќе дојдете до работата која ве исполнува и ве прави среќни. Сепак, постојат голем број луѓе кои поради различни причини остануваа заглавени во работа којашто не ја сакаат и не доаѓаат до нештата кои навистина ги прават среќни. Најчестите причини лежат во нас, а не во некој надворешен фактор.

1. Страв од неуспех

Луѓето се плашат дека можеби ако се обидат со нешто ново ќе изгубат и ќе пропаднат. Мислат дека ќе испаднат глупави. Но, таквите размислувања не се во ред, затоа што додека не пробате, не можете да знаете. На крајот на краиштата, добивката секогаш се крие во ризикот. Бидете свои, дајте сè од себе да дојдете до работата од вашите сништа, па дури и да паднете на дното, ќе има сила во вас повторно да се издигнете. Повеќе од времето луѓето го трошат на грижи околу тоа како би можело нешто да испадне лошо, но во реалноста нештата некако го наоѓаат светлото на денот. Само потрудете се на животот да гледате позитивно и работите ќе го добијат својот вистински тек. Па дури и да не успеете во првите неколку обиди не се откажувајте, успесите им припаѓаат на упорните.

2. Ослободете се од грижата што мислат другите за вас

Општеството ви создава одреден притисок. Пријателите, семејството и сите виртуелни пријатели на социјалните мрежи, понекогаш можат да ви бидат вистинска пречка на патот до изнаоѓање на вистинската работа од соништата. Поради нив и нивното мислење тешко се охрабрувате да тргнете во поход кон нови нешта. Едноставно се плашите од нивните осудувања. Но, доколку еднаш успеете да се ослободите од мислата дека некој друг таму некаде се грижи за вас и мисли на вашите постапки, верувајте многу полесно ќе го остварите својот сон. Сите си имаат свои животи и грижи. Никој не живее совршен живот и секој се справува со сопствените предизвици. Затоа охрабрете се и направете го својот прв чекор во работата која ве исполнува со страст, можеби токму вие ќе ги мотивирате

(2) 5 прични кои ги спречуваат луѓето да ја најдат работата од соништата

3. Недостаток на љубопитство

Испробувајте нови нешта, земете часови по музика, танц, јазици… Поставувајте си милиони прашања чиишто одговори можат да ве однесат на некои чудни и неочекувани патувања. Најдобрите нешта во животот никогаш немаат смисла кога се случуваат, тие се случуваат сами за себе. Едноставно отворете се за нови искуства и дозволете да бидете ранливи, тргнете ги настрана заштитните оклопи кои толку време ги носите на себе. Велете „да“ за многу нешта во наредните 30-тина дена и ќе видите дека некои врати неочекувано ќе почнат да се отвораат.

4. Страв од промени

Удобно ви е на позицијата во којашто се наоѓате. Но, доколку сакате повеќе и сонувате за нешто ново на професионален план, навистина мора да направите промена. Ништо не се случува без неа. Бидете возбудени околу промената, затоа што новите поглавја можат да ве однесат на неверојатни места во вашиот живот. Места за кои само сте мечтаеле, додека сте работеле нешто што не ве исполнува. Затоа охрабрете се, отворете ја вашата прегратка за промената во вашиот живот и правете ги нештата поинаку од останатите. Колку и да звучи како клише, „излезете од удобната зона“, а нештата сами ќе се местат, коцка по коцка.

(1) 5 прични кои ги спречуваат луѓето да ја најдат работата од соништата

5. Не сонувате доволно големи сништа

Живееме во време кога невозможното е возможно, а неочекуваните работи се секојдневие. Затоа, не треба да се затворате во вашите четири ѕида и да поставувате граници на очекувањата кои си ги поставувате. Едноставно не постојат граници околу тоа што може, а што не може да се случи во овој свет. Ослободете се и дозволете си да сонувате за некои големи промени. Дозволете ѝ на креативноста да навлезе во сите ваши пори. Дајте си време да бидете малку сами и да размислувате на работата која што навистина би го извадила најдоброто од вас. Добрата вест е дека никогаш не е доцна да почнете да го работите она што навистина го сакате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар