5 причини поради кои вашиот гардеробер е полн со алишта, а сепак немате што да облечете

5 причини поради кои вашиот гардеробер е полн со алишта, а сепак немате што да облечете

Утрото е вистинска доба од денот за донесување важни животни одлуки. Како што е на пример, средувањето на гардероберот! Воопшто не се шегуваме. Признајте, колку пати сте испланирале да ја средите гардеробата, бидејќи повеќе не можете да ја затворите вратата или фиоката, а сепак ве мрзело, бидејќи тоа толку заморува и досадува. А потоа, не знаете што да облечете. Повторно. И сето тоа е истуткано. Повторно. Време е да се соочите со тој куп гардероба кој само ви зафаќа простор, а не служи за ништо.

1-5-prichini-poradi-koi-vashiot-garderober-e-poln-so-alishta-a-sepak-nemate-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_

1. Откако ќе ја извадите целата гардероба, сè што гледате е куп од алишта, а сепак ништо! Како? Така е поради тоа што многу алишта повеќе не ви прилегаат или воопшто не ги носите. Природно, или сте се здебелиле или сте ослабеле, или пак сте пораснале. Но, зошто ги чувате? Сега е вистинското време да ги исфрлите тие парчиња облека и да создадете јасна и прегледна ситуација со сè што располагате. Сигурно, некогаш сте започнале да барате некоја комбинација, но од она што сте го пронашле ништо не ви одговара, а потоа ве фаќа паника, бидејќи не знаете што да облечете. Значи накратко, заобиколете, пуштете, ослободете се и фрлете го она што не ви одговара.

2. Вашите шопинг навики се такви што постојано купувате работи кои веќе ги имате. Реално, зошто ви се потребни десет идентични бели блузи? Исти фармерки кои ќе ги облечете еднаш или никогаш? Или пак некои бои кои воопшто не можете да ги комбинирате една со друга? Понекогаш знаеме да се занесеме и да купиме сешто за само колку да го земеме, а потоа сфаќаме дека воопшто не одговара со останатите парчиња гардероба. Се случува и да изгледа како секој ден да носите исти комбинации, без оглед на тоа што секој ден ја менувате белата блуза што ја имате во повеќе варијанти. Кој ќе знае дека тоа не е истата блуза?

3. Вие сте импулсивен купувач. Одма штом влезете во продавница, го земате првото парче облека што ќе го видите, без да размислите дали тоа навистина ви е потребно или пак, дали веќе го имате. Размислете двапати. Три пати мери, еднаш сечи. Дефинирајте како што сакате. Штедете пари и олеснете си го животот.

2-5-prichini-poradi-koi-vashiot-garderober-e-poln-so-alishta-a-sepak-nemate-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_

4. Имате голем број старомодна облека. Не онаа во винтиџ стил која сега е во тренд да се носи. Туку онаа за која знаете дека сигурно повеќе нема да ја носите, бидејќи во наредниот период нема да се врати во мода, а дури и да се врати, на вас нема да ви одговара. И повторно, зошто ја чувате? Ослободете се од неа.

5. Ја чувате целата ваша стара, омилена облека. Но, нагласуваме – стара! Доколку е износена, во процес на распаѓање, тогаш зошто ви е? Да, ја обожавате таа ролка, но доколку ја изеле молци, каква цел има освен да зафаќа простор? Бидете искрени спрема себе, и повторно, фрлете ја таа ролка.

Сега, откако сте го исфрлиле целиот вишок од вашиот гардеробер, имате јасен преглед на сето она што можете да го носите и во кои комбинации. Бидете паметни и направете список на работи кои ви недостигаат и купете ги. Сигурно сме дека веќе никогаш нема да се пожалите дека немате што да облечете!

3-5-prichini-poradi-koi-vashiot-garderober-e-poln-so-alishta-a-sepak-nemate-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар