5 причини поради кои дури и оние во најсреќните врски изневеруваат

5 причини поради кои дури и оние во најсреќните врски изневеруваат

„А изгледаа толку среќно заедно“, реченица која неретко се слуша кога дознаваме дека некоја љубовна врска поминала низ неверство. И можеби оваа изрека е во право, можеби тие навистина имале среќна врска. Тогаш како е можно некој кој е среќен во својата врска да има потреба да биде интимен со друга личност? Естер Перел, терапевтка за парови, ни ги открива најголемите 5 причини поради кои дури и најсреќните парови се соочуваат со неверство.

5 причини поради кои дури и оние во најсреќните врски изневеруваат

1. Неверството денес значи многу повеќе од порано

Како се дефинира неверство во 2015 година? Дали тоа вклучува двосмислени и додворувачки СМС пораки? Гледање порнографија на интернет? Правење профил на страница за онлајн запознавање? Неверството денес има многу различни значења и секој човек си има своја дефиниција. Но, неверството секогаш почнува во главата.

„Неверството започнува во моментот кога односот со друга личност станува многу интензивен, дури и без да вклучува секс. За љубовта е одговорна нашата фантазија, а не другата личност“, вели Перел.

2. Технологијата предизвикува неверството да биде полесно од кога било претходно

Интернетот овозможува личноста да го изневери својот партнер емоционално, па можеби дури и сексуално со личност која живее во друга земја или на сосема друг континент.

„Вие можете да го изневерите партнерот додека сè уште лежите покрај него/неа во кревет. Во денешно време не морате ни да излезете од домот за да започнете со неверството, па токму тоа и ги брише границите кои постоеле со цел да бидете интимни со друга личност. Вие не мора никогаш ни да ја допрете оваа личност, но бакнежот кој го замислувате може да има иста сила како и вистинскиот физички контакт“, вели Перел.

3. Потребата за сигурност и потребата за возбуда не се во рамнотежа

Перел тврди дека секој човек има две основни потреби: потреба за поддршка и стабилност, како и потреба за авантура и мистерија. Кога сме во врска, со другата личност истовремено се обидуваме да ги задоволиме и двете потреби.

„Овој предизвик ја чини сржта за одржување на страста во долга врска, бидејќи е потребно да се смират овие две диви потреби кои генерално не одат заедно“, вели Перел.

Најголемиот знак за стабилност и доверба е рутина која брзо може да се претвори во навика и да го натера партнерот да бара возбуда на друго место.

4. Оние кои изневеруваат сакаат да се променат себеси, а не своите партнери

Перел открива дека поголемиот дел од нејзините клиенти кои биле неверни, долги години претходно биле моногамни и не верувале дека некогаш ќе можат да ја преминат оваа граница. И тоа не се случило поради нешто што нивниот партнер го направил, туку поради потребата за психолошка промена.

„Неверството не се случува затоа што бараме друга личност, туку затоа што бараме нова верзија од себе. Во многу од случаите личноста која изневерува не сака да го остави својот партнер, туку да ја остави личноста во која тој или таа се претвориле“, објаснува Перел.

5. Желба да се чувствуваат живи

Неверството нема никаква врска со сексот или љубовта.

„Луѓето ширум светот тврдат дека токму во тие моменти се чувствувале поживи од кога било претходно“, објаснува Перел.

Возбудата поради помислата партнерот да не го открие неверството ја прави оваа личност повнимателна, побудна и поангажирана. Токму ова чувство може да биде неодоливо. Перел истакнува дека е клучно да се одржува ова чувство на живост во врската, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи појавата на неверство. Тоа не се однесува само на спалната соба, туку и општо на животот. Размислете за сите оние нешта кои ве возбудуваат, исполнуваат со енергија и усреќуваат, и погрижете се да ги добивате во големи количини заедно со вашиот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар