5 прекрасни празнични дизајни на нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите

Факт: Ноктите ќе ги направите поуспешно ако во позадина ја слушате „All I Want for Christmas Is You“ од Мараја Кери.

Шансата да имате празнични нокти не треба да се пропушта, па не дозволувајте ни овој период да биде поинаку. Неверојатната Меделин Пол, глобален амбасадор за бои за Сали Хенсен, ни покажува 5 начини да ги направиме ноктите новогодишни и да ги дочекаме празниците со стил.

1. Слатки снегулки

5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите

1. Нанесете светкав лак за нокти како основа.

2. Со бел лак за нокти, користејќи тенка четка, нацртајте три линии на ноктот. Вака ќе ја создадете основата за вашата снегулка.

3. Направете мали „V“ форми на крајот од секоја линија.

4. На некои од ноктите направете поголеми снегулки за да го разиграте изгледот. Нацртајте една хоризонтална линија и еден „Х“ за совршена снегулка со 6 линии. Потоа продолжете со „V“ формите на краевите.

5. Нацртајте хексагон на средината на снегулката, спојувајќи ги линиите.

6. Додадете мали точки помеѓу секоја од линиите на снегулката. Почекајте ноктите да се исушат и нанесете безбоен лак за нокти за сјаен ефект.

5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите

2. Металик и мат врвови на нокти

5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите

1. Ставете сребрен лак за нокти.

2. Нацртајте хоризонтална линија преку ноктот, малку подолу од кутикулите, во темна боја на лак за нокти по ваш избор.

3. Довршете го ноктот до врвот со истата темна боја.

4. Нанесете мат безбоен лак за нокти само на темниот дел, за целосен ефект.

5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите

3. Маникир во форма на новогодишни светилки

5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите

1. Нанесете два слоја темнозелен лак за нокти.

2. Со сребрен лак за нокти нацртајте тенка линија. Можете да бидете креативни и да смислите некоја интересна форма на линијата – искривена, полукружна…

3. Нанесете лепак за нокти на местата каде што сакате да ги ставите кристалите.

4. Користете молив со гума за бришење, во која ќе притиснете шајче за да создадете алатка за полесно земање на кристалите, или користете пинцета.

5. Ставете разнобојни, рамни кристали кои ќе „глумат“ божиќни светла. За полесно да ги нанесете, ставете точка лепило на местото каде што сакате да го поставите кристалот и потоа брзо земете малку лепило со алатката која ја направивте, па земете го кристалот и залепете го.

5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите

4. Карирани нокти

5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите

1. Нанесете јака боја на лак за нокти како основа. Во овој случај е употребена црвената.

2. Нацртајте 4 квадрати на секој нокт со темен лак за нокти.

3. Пополнете го секој квадрат со истата боја.

4. Нацртајте дијагонални линии за да ги поврзете квадратите и да добиете карирана форма.

5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите

5. Двобојни светликави нокти

5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите

1. Нанесете два слоја темноцрвен или виолетов лак за нокти.

2. Нанесете сјаен, безбоен лак за да можат светките полесно да се залепат, и веднаш распрскајте ги светките во црвена боја врз лакот.

3. Веднаш потоа нанесете и малку светки во розова боја пред да се исуши сјајниот лак. Менувајте го местото каде што паѓаат светките за да создадете уникатен дизајн.

4. Откако ќе се исуши целиот изглед, со бушава четка исчистете го остатокот од светките. Не грижете се, мнозинството од нив ќе бидат добро залепени. Потоа, нанесете уште еден слој безбоен лак, за сјаен краен изглед.

5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите5 прекрасни празнични нокти кои ќе сакате веднаш да ги направите


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар