6 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги примените

5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги примените

Јапонските деца се неверојатни. По правило тие се учтиви, пријателски настроени и не им дозволуваат на чувствата да ги контролираат. Во Јапонија ретко ќе сретнете дете кое плаче во супермаркет. Па сигурно ве интересира како се воспитани овие деца. Јапонските родители имаат неколку трикови, а од денес можете да ги примените и вие.

1. Врската помеѓу мајката и детето е силна

5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги примените

Во Јапонија, врската помеѓу мајката и детето е навистина силна. Тие спијат заедно и мајките секогаш ги носат нивните деца со нив. Нивната врска е длабоко емоционална – мајките прифаќаат сè што прават нивните деца бидејќи тие се совршени во нивните очи. Кај нив постои правило според кое на децата им се дозволува да го прават тоа што го сакаат до нивната петта година. Можеби ова ви изгледа како премногу слобода, но грешите. Овој принцип им покажува на децата дека се добри.

Било спроведено истражување од страна на јапонски и американски научници. Се покажало дека постои поврзаност помеѓу ова охрабрување на децата и нивното однесување. Научниците тврдат дека позитивниот став на децата го намалил ризикот од проблематично однесување и го подобрил однесувањето на децата со нарушувања во развојот.

2. Јапонскиот систем на воспитување

5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги примените

Сите луѓе се создадени еднакви. На фотографијата можете да ја забележите јапонската принцеза Аико (втора од десно) како настапува за време на спортски натпревар во Токио.

Според јапонскиот систем на воспитување, децата се совршени до 5-годишна возраст, од 5 до 15 години се слуги, а после 15-тата година се сметаат за еднакви на нивните родители и другите луѓе. Целта на оваа филозофија е да се создаде член на колективно општество, каде што личните интереси не се најважното нешто.

  • Во првата фаза родителите им даваат бескрајна љубов на нивните деца.
  • Во втората фаза нивната љубов не исчезнува, туку децата учат да живеат според правилата на општеството и се обидуваат да ја најдат нивната цел. Бидејќи децата се навистина поврзани со мајките, тие се обидуваат да ја разочаруваат што е можно помалку.
  • Во третата фаза детето веќе станува активен член на општеството.

3. Семејството е едно од најзначајните нешта

5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги примените

По правило, мајките се оние кои ги одгледуваат децата. Јапонците сметаат дека децата не би требало да се испраќаат во градинка пред да наполнат 3 години. Родителите ретко ги замолуваат бабите и дедовците да се грижат за децата, а речиси и да не најмуваат дадилки. Сепак, децата минуваат многу време со бабите и дедовците и со другите роднини. Семејните врски се топли и грижливи, а членовите секогаш се поддржуваат и се грижат едни за други.

4. Родителите им се идоли на децата

5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги примените

Бил направен експеримент во кој учествувале мајки од Јапонија и од Европа. Биле замолени да направат пирамида со нивните деца. Јапонските мајки сами ја граделе пирамидата, а потоа ги замолувале децата да го повторат тоа што го направиле. Ако децата не успеале, одново почнувале со изградбата. Мајките од Европа им објаснувале на децата како да ја направат пирамидата и потоа ги замолувале да пробаат. Значи, Јапонките воделе со пример, додека Европејките им дале на децата сè што им е потребно, но не и пример. Јапонските мајки не ги терале децата да направат нешто како што ќе им кажат. Тие им поставиле пример и им покажале.

5. Обрнување внимание на емоциите

5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги примените

За да го научите детето да живее во колективно општество, важно е да го научите да ги „гледа“ и почитува туѓите чувства и интереси. Јапонките ги почитуваат чувствата на нивните деца – никогаш не ги притискаат или засрамуваат. Ги учат да ги разберат емоциите на другите луѓе, па дури и на неживите предмети. На пример, ако детето ја скрши неговата играчка автомобил, мајка му ќе му рече „Кутриот автомобил, сега ќе плаче“. Кај нас пак, од друга страна, најверојатно би го искарале детето и би му рекле дека направило нешто лошо.

Јапонците не тврдат дека нивните методи се најдобри. Денес вредностите од Западот имаат влијание и на нивните традиции. Но најважните концепти во Јапонија, како смиреното однесување со децата, е непроменливо.

Погледнете ги и советите и триковите што ќе ви помогнат да се справите со немирните деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар