5 познати модни дизајнери советуваат: Како да ја пронајдете совршената венчаница?

Без разлика колку го познавате вашиот вкус и стил, па дури и како сакате да изгледа вашата венчаница, факт е дека за прв пат избирате ваков вид свечен фустан. Затоа е сосема нормално да сте нервозни и загрижени. За да ви помогнеме во решавањето на оваа драма, ви ги пренесуваме светите на славните дизајнери на венчаници кои ќе ви ја олеснат оваа мачна потрага.

1-5-poznati-modni-dizajneri-sovetuvaat-kako-da-ja-pronajdete-sovrshenata-venchanica-www.kafepauza.mk_

Алберта Ферети

„Првото правило кое треба да го почитува невестата, е да биде искрена кон себе. Секогаш би требало да се избегнуваат деталите како што се екстремен волумен или длабоки исечоци, а да се почитува личниот стил и фигурата на невестата. Локацијата или ентериерот на кој е венчавката, исто така треба да се земе предвид. Девојката која прави веселба во етно опкружување би требало да ги избегнува широките венчаници и да избере некоја со едноставни, чисти линии. Доколку е во прашање класична градска венчавка, особено ако еден дел од церемонијата се одвива во црква, моја препорака е велот да биде задолжителен детаљ, бидејќи тој е ефективно парче и остава одличен впечаток.“

2-5-poznati-modni-dizajneri-sovetuvaat-kako-da-ja-pronajdete-sovrshenata-venchanica-www.kafepauza.mk_

Џени Пекам

„Понекогаш имам чувство дека изборот на венчаницата е подеднакво важен како и изборот на партнерот. Во прашање е голема одлука. Меѓутоа, добрата вест е тоа дека денес имате поголема понуда од кога било досега. Јас би ве советувала секогаш да изберете квалитетен производител, можеби ќе ве чини поскапо, но е побезбедно и ќе имате помали главоболки, кои се неизбежни во процесот на организирањето на венчавката и сите детали вклучени, каде што фустанот е дефинитивно најголемиот. Експериментирајте во текот на потрагата за фустанот, испробајте го она што инаку не би го облекле. Можеби ќе заблескате во венчаницата со боја на слонова коска, а не во стандардната бела боја. Дајте си време, опуштете се и испробајте различни облици и стилови, бидејќи често се случува совршено да ви прилега нешто што не би сте помислиле дека е возможно. Поведете ги вашите блиски пријателки со себе или членови од семејството, но најмногу слушајте се себе.“

5-5-poznati-modni-dizajneri-sovetuvaat-kako-da-ja-pronajdete-sovrshenata-venchanica-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за останатите совети…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар