5 одлични модни комбинации со бели панталони

5 одлични модни комбинации со бели панталони

Панталоните се без сомнение најпопуларното парче облека кое го носиме во текот на целата година. Панталоните ќе доминираат и во потоплата сезона, и тоа во бела боја. Белите панталони можете да ги комбинирате со елегантни блузи и кошули, но и со патики и памучни маици, па се одлични за секоја пригода. Доколку се двоумите дали да вложите во пар бели панталони, следниве модни комбинации ќе ви помогнат да се одлучите.

1. Спортски изглед

5 одлични модни комбинации со бели панталони

Едноставните бели панталони се одлични за секојдневните спортски комбинации. Оваа пролет нема да погрешите доколку ги комбинирате со патики, маица со принт и некоја тексас јакна. Можете да ја дополните комбинација со интересни чорапи, кои оваа сезона се апсолутен хит.

2. Вечерно излегување

5 одлични модни комбинации со бели панталони

Белите панталони се одлична замена за црните и сини модели, а стојат одлично и со вечерни комбинации. Можете да одберете модел до колена и да го комбинирате со женствена блуза и сако.

3. Дневно излегување

5 одлични модни комбинации со бели панталони

Пролетните денови се совршени за пиење кафе на сонце, во друштво со добри пријатели. Без разлика која опција ќе ја одберете, белите панталони се одлична почетна точка за вашиот изглед. Можете да ги комбинирате со розова маица и светло розови патики. Надополнете го изгледот со розови очила за сонце.

4. Комбинација за состанок

5 одлични модни комбинации со бели панталони

Без разлика дали ќе излезете со партнерот или одите на прв состанок, сигурно сакате да изгледате беспрекорно. Во овие случаи најдобро е да одберете парчиња кои суптилно ќе привлекуваат погледи. Можете да одберете широки панталони и да ги комбинирате со блуза со чипка. Добро ќе стојат и сандалите со висока потпетица и кожната јакна.

5. Комбинација за на работа

5 одлични модни комбинации со бели панталони

Белите панталони се парче облека кое навистина изгледа добро со сè, дури и со облеката за на работа. Популарните трапез модели можете да ги комбинирате со бели сандали и маица со неутрална боја, а изгледот дополнете го со блејзер со впечатлива боја. Не заборавајте и на модните додатоци.

Погледнете ги и најпопуларните модни комбинации за овој април.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар