5 необични и нездрави диети кои никогаш не би требало да ги пробате

5 необични и нездрави диети кои никогаш не би требало да ги пробате

Силната желба кај девојките да бидат послаби и да изгледаат посекси отвори врата кон голем број нездрави диети. Погледнете дел од најопасните кои можат да бидат дури и смртоносни за вас.

5 необични и нездрави диети кои никогаш не би требало да ги пробате

1. Диета со тенија: Јади паразити, губи тежина

Тенијата е паразит кој доколку се наоѓа во вашите црева ќе се исхранува со хранливите материи од она што сте го внеле во вашиот организам, притоа предизвикувајќи неисхранетост која некои девојки ја сметаат за слаб и секси изглед. На почетокот на овој век, можеле да се најдат капсули кои содржат тенија, но здравствените експерти предупредуваат дека оваа диета е опасна, а понекогаш дури и смртоносна и токму поради тоа препорачуваат да не ја применувате како начин на слабеење.

2. Флечеризирање: Бидете сигурни дека ја џвакате вашата храна

Оваа диета функционира така што секој залак го џвакате по 32 пати, а потоа го плукате. Наводно на тој начин сите хранливи материи ќе останат во вашата уста, додека пак вишокот го исфрлате. Нашите родители отсекогаш ни велеле дека треба добро да ја џвакаме нашата храна и тие дефинитивно биле во право. Доброто џвакање му помага и олеснува на дигестивниот процес. Но, што би се случило доколку само ја џвакате вашата храна, а потоа ја плукате? Оваа диета настанала во раните 1900-ти години кога Хорас Флечер го предложил овој нов начин на слабеење. Секако, луѓето веднаш забележувале разлика во килограмите, но бидејќи не внесувале доволно храна во своето тело, па губењето на тежината всушност било резултат на неисхранетост.

5 необични и нездрави диети кои никогаш не би требало да ги пробате

3. Цигари: Тие содржат нула калории

Оваа диета е можеби една од најлошите за вашето здравје. Идејата е дека доколку запалите цигара наместо да изедете еден оброк, ќе ослабите за многу брзо време. На овој начин не само што ќе го нарушите вашето здравје, туку и ќе го навикнете вашиот организам на поголеми количини никотин кои подоцна ќе ви биде многу тешко да ги намалите.

4. Малку сок од лимон: Уште малку сок од лимон

Диетата за целосно прочистување станала многу популарна откако пејачката Бијонсе ја употребила за да ја намали телесната тежина додека се подготвувала за својата улога во „Dream Girls“. За време на оваа диета, таа во рок од 10 дена пиела мешавина од сок од лимон, вода, луто чили пиперче и јаворов сируп и за тоа време изгубила 8 килограми. Откако се вратила на својата нормална исхрана таа веднаш ја вратила својата тежина и токму поради тоа дури ни таа не препорачува да ја следите оваа диета.

5 необични и нездрави диети кои никогаш не би требало да ги пробате

5. Памучни топчиња: Предјадење

Луѓето одат до крајности за да го наполнат својот стомак пред ручекот за тогаш да не мораат многу да изедат. Има едно верување дека доколку јадете памук, со тоа ќе го намалите вашиот глад и ќе се чувствувате најадено и со помалку храна. Но, овој план за губење на тежината е целосно без смисла и може да биде опасен. Памукот нема никаква хранлива вредност, тој е штетен за дигестивниот систем и има голем ризик од задавување со него. Подобро и поздраво е доколку пиете поголемо количество вода пред секој оброк.

Ова е само дел од необичните диети кои постојат. Можеби сте слушнале за дел од нив, но има и многу други кои се исто толку лоши за вашето здравје. Знаете ли некои такви?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар