5 навики коишто ја уништуваат вашата самодоверба и како да ги промените

Сите знаеме колку самодовербата може да влијае врз личниот живот на еден човек. Иако повеќето од вас сигурно веќе знаат неколку начини коишто можат да ви ја зголемат самодовербата, подеднакво е важно да бидете сигурни и дека не правите работи коишто ја уништуваат. Еве кои однесувања може да бидат заканувачки за вашата самодоверба и како истите да ги избегнете.

1. Барате одобрување од секого

Самоуверените луѓе разбираат дека не е возможно секој да се согласува со нив и дека тоа е сосема во ред. Наместо тоа, тие повеќе се фокусираат на градење стабилни односи со луѓето кои ги почитуваат, отколку да се борат со секој човек којшто ќе го сретнат. Затоа, не дозволувајте мислењата на другите да ве дефинираат или пак да ви кажуваат што можете, а што не можете да постигнете во животот. Факт е дека не можете да ги импресионирате сите, па затоа фокусирајте се на оние коишто ви се навистина важни.

2. Повеќе се фокусирате на грешките отколку на решението

Животот е полн со пречки, но секоја пречка е можност да се развивате како личност. Личниот раст создава еден вид доверба којашто трае. Па, вие можете да избирате дали ќе се фокусирате на проблемот или пак ќе се фокусирате на решението. Самоуверените луѓе голем дел од времето се фокусираат на изнаоѓање решение. Тие не поминуваат време измачувајќи се со нивниот проблем, туку преземаат акција во насоката каде што сакаат да се движат.

3. Се вклучувате во непотребни драми

Иако сите понекогаш сакаме драми, сепак, непотребната и постојаната драма во вашиот живот доведува до повеќе стрес, кој пак, ја убива довербата. Затоа, останете подалеку од ваквите случувања и посветете го вашето време на корисни активности. На овој начин би се чувствувале посреќни, а наместо да се карате, вие ќе се забавувате.

4. Неуспехот го дефинирате како резултат на вашата вредност

Едно е сигурно: Успешните и неуспешните луѓе се разликуваат по начинот на којшто гледаат на неуспехот. Успешните луѓе разбираат дека неуспехот е дел од процесот на учење. Секогаш кога ќе се соочат со неуспех, овие луѓе знаат дека се поблиску до вистинскиот начин да ја остварат својата цел. Од друга страна пак, неуспешните луѓе имаат тенденција да го сфаќаат неуспехот како одраз на нивните лични карактеристики. Сетете се дека и големите научници не успеале да ги создадат генијалните изуми без притоа да се соочат со многу неуспеси.

5. Не сте спремни за нови искуства

Воопшто не е лесно да сте заглавени во неделната рутина, да ги правите истите работи и да ги гледате истите луѓе. Иако ова до некој степен ви дава чувство на удобност, сепак, тоа може да биде убиец на вашата самодоверба. Исто како и во природата, доколку не растете, ќе умрете. Затоа, правете нешто од што се плашите, внесете нови позитивни искуства во вашиот живот и така ќе бидете повеќе возбудени за вашата иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар