5 најчести грешки при нанесувањето руменило и како да ги избегнете

Морате да признаете дека руменилото навистина е клучниот „момент“ за секоја мејкап рутина. Дури и кога не сакате да се шминкате претерано, малку пудра, маскара, дискретен сјај за усни и руменило ќе бидат доволни за да заблескате и да изгледате природно, убаво и негувано. За сите прилики, во секоја доба од денот или ноќта. Сепак, за да изгледате онака како што сакате, морате да водите сметка за тоа како го нанесувате руменилото. Веруваме дека нанесувањето на основните мејкап производи како што се пудрата и маскарата веќе сте ги усовршиле, но што е со руменилото? За него важат неколку правила, па затоа водете сметка за овие работи.

1. Руменилото не е само за јаболкниците!

(1) 5 најчести грешки при нанесувањето руменило и како да ги избегнете

Руменилото, логично, го користите само како руменило и го нанесувате на врвовите од јаболкниците. Но, ако сакате на шминкањето да му пристапите како вистински професионалец, руменилото можете да го користите и како хајлајтер, па дури и како сенка за очи. Зошто да не? И онака веќе знаете дека оваа пролет во мода ќе биде портокаловата и розовата сенка за очи која ќе ви обезбеди природен и блескав изглед со минимална шминка!

2. Морате да ја изберете вистинската нијанса!

За руменилото да го направи своето чудо, важно е да ја изберете соодветната нијанса. Тајната се крие во тоа да ја „слушате“ својата кожа и да ја изберете бојата која веќе е во неа, за да изгледа природно. На пример, доколку имате светол тен, розовата нијанса е вистинската за вас, а доколку имате маслинест тен, тогаш идеалниот избор е руменило во боја на праска.

3. Морате да ја изберете соодветната формула

(2) 5 најчести грешки при нанесувањето руменило и како да ги избегнете

Дали да изберете руменилото во прав или со крем структура? Ако имате масна кожа, изберете кремасто руменило кое ќе го „сетувате“ со руменило во прав, за подобра трајност. Ако имате сува кожа, изберете кремасто руменило кое ќе ви го даде соодветниот сјај. Освен тоа, ако користите течна пудра, користете кремасто руменило, а ако користите пудра во прав, тогаш изберете руменило во прав, бидејќи истите формули најдобро одговараат една со друга.

4. Внимавајте на количината на руменило

Ова е логично, но сепак грешките се повторуваат. Затоа, секогаш нанесувајте помалку руменило отколку што ви е потребно. Ако се сомневате, половина од она што сте сакале да го нанесете ќе ви биде доволно. Секогаш е полесно да додадете малку руменило отколку да го отстраните вишокот.

5. Руменилото треба да се нанесе со блендер

(3) 5 најчести грешки при нанесувањето руменило и како да ги избегнете

За да изгледа природно и да ги истакнете цртите на лицето на вистинскиот начин, кога нанесувате руменило, мора да го направите тоа со блендер. Само така ќе се претопи во пудрата и ќе се изедначи со вашиот природен тен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар