5 начини на кои не би требало да разговарате со вашиот партнер

5 начини на кои не би требало да разговарате со вашиот партнер

Многу е лесно да ги саботирате вашите најдобри интереси. Но, со помош на наредниве неколку правила нема да го направите тоа. Сакате вашиот партнер навистина да ве слуша кога зборувате? Имате потреба да бидете слушнати? Тоа што имате да го кажете е толку важно што мора да му се обрне внимание? Но, и покрај сѐ, не успевате во вашата намера. Прочитајте зошто…

5 начини на кои не би требало да разговарате со вашиот партнер

Предолго објаснување

Бидејќи тоа што имате да го кажете е важно, сигурно ќе бидете во искушение да го објасните детално. Немојте. Многу е полесно да се разбере концизна изјава за проблемот (барем на почетокот) отколку широко објаснување.

Повторување на истиот разговор повеќе пати

Вие го кажавте вашиот проблем и партнерот учтиво ве слушаше. Завршувате со објаснувањето и… не добивате никаков одговор. Вие очекувавте вклучување во разговорот, но не ви е јасно што точно се случува во главата на вашиот партнер, или пак уште полошо, се плашите дека е нешто многу негативно. Обидете се да не почнувате од почеток со објаснувањето, туку едноставно прашајте го/ја неколку прашања како, „Дали се согласуваш?“ или „Што мислиш ти за ова?

Разговарање за приватни теми пред други луѓе

Можеби се чувствувате совладани од емоциите, фрустрациите па дури и гневот. Можеби чувствувате огромна потреба да искомуницирате за тоа што се случува во вас, но доколку ги искажете овие нешта на глас, пред други луѓе, има големи шанси вашиот партнер целосно да се затвори, да почне да ве осудува или да биде засрамен наместо да ве слуша.

Игнорирање на молбата да се разговара подоцна

Вие веќе го искажавте својот став (можеби и повеќе пати) и вашиот партнер се обидува да слуша, но поради некоја причина едноставно не е добар момент за тој разговор. Тој/таа ви вели, „Ајде да разговараме за ова наредниот викенд кога ќе имаме повеќе време.“ Но, вие сте убедени дека вашите потреби мора да бидат ставени пред оние на вашиот партнер и продолжувате со зборување. Токму затоа наместо да имате само еден проблем за разговарање, вие ќе направите два. Оригиналниот проблем и новиот кој се однесува на вашето игнорирање на потребите на партнерот. Дури и доколку продолжите со говорење, вашиот партнер сѐ повеќе ќе се лути за начинот на кој се однесувате со него/неа и колку понегативен ќе станува толку полошо ќе одговара во врска со вашиот првичен проблем.

Будењето и почнувањето од почеток

Вие сте толку вознемирени за одреден проблем што не можете ни да спиете добро. Вашиот партнер ја доживува истата ситуација. Наместо да се прегрнете како ништо да не се случило и да продолжите со разговорот наредното утро, навратете се веднаш на темата. Без разлика на часот. Веднаш ќе забележите дека работите ќе почнат да се средуваат.

На кратко, понекогаш сакаме нешто премногу или пак, чувствуваме нешто толку интензивно што дозволуваме тоа да застане на патот кон нашите најдобри интереси. Но, без разлика на тоа колку силно сакате да разговарате за нешто, вашиот партнер најмногу ќе ве слуша и најдобро ќе одговара доколку истовремено покажувате дека сѐ уште сте свесни и за неговите или нејзините потреби.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар