5 начини да носите тексас фустан оваа есен

Речиси сите девојки сакаат тексас и сакаат фустани, па со комбинацијата од двете нема промашување. Но, како е најдобро да го носите тексас фустанот? Доколку ви е потребна инспирација, погледнете ги идеите во продолжение.

1. Со палто со принт со леопард и чевли со ниски потпетици

5 начини да носите тексас фустан оваа есен

Принтот со леопард е принт на сезоната, а воедно изгледа одлично во комбинација со тексас. На нозете можете да облечете чевли со пониски потпетици или обични балетанки.

2. Со џемпер со риги и темни хулахопки

5 начини да носите тексас фустан оваа есен

Ако имате сличен модел на фустан, еве ви причина зошто да инвестирате во џемпер со риги. Иако тој изгледа одлично со фармерки, комбинацијата со тексас фустан е незаменлива.

3. Со јакна и чизми до глужд

5 начини да носите тексас фустан оваа есен

Бидејќи тексасот е неутрален, можете слободно да ги нагласите другите делови од облеката. Чизмите во јака боја и кратката јакна изгледаат неверојатно со тексас фустан. Покрај тоа, овие јакни прават да изгледате повисоко.

4. Со чизми над колена и мала чанта

5 начини да носите тексас фустан оваа есен

Доколку сакате нешто похрабро, комбинирајте го тексас фустанот со чизми над колена. Ова докажува дека тексас фустаните не се само за дневна комбинација.

5. Со тексас палто и влечки

5 начини да носите тексас фустан оваа есен

Оваа комбинација докажува дека тексасот одлично стои со тексас. Ременот е одличен начин да ја истакнете вашата половина и го надополнува целиот изглед.

Погледнете ги и есенските парчиња облека што веќе го преплавија Инстаграм.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар