5 начини да го носите омилениот џемпер во различни модни комбинации - Part 2

5 начини да го носите омилениот џемпер во различни модни комбинации

3. Вашиот омилен џемпер секогаш можете да го облечете како дел од елегантните комбинации со капут. Иако на прв поглед зимските џемпери не одговараат со елегантните капути, кога ќе ги вклопите заедно во една модна комбинација, сигурно и самите вие ќе бидете воодушевени од изгледот кој е одличен за работни, но и за многу други прилики.

5-5-nachini-kako-da-go-nosite-dzhemperot-vo-razlichni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_ 6-5-nachini-kako-da-go-nosite-dzhemperot-vo-razlichni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

4. Доколку ги имате оние фустани кои практикувате да ги носите во текот на пролетта и есента, кога се прелазните периоди, а немаат ракави и се отворени во горниот дел, тогаш тие совршено ќе одговараат со потенок џемпер или ролка која ќе ја облечете под фустанот. На овој начин ќе добиете слоевита модна комбинација која остава впечаток на елеганција, но и занимлив изглед кој е одличен за сите оние прилики кога ќе излезете со пријателите на кафе, ручек или вечерна забава.

7-5-nachini-kako-da-go-nosite-dzhemperot-vo-razlichni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

5. Како што нè научија претходните сезони, мешањето на стиловите е секако задолжително за секоја модерна и современа девојка. Ништо не се промени ниту во оваа сезона, каде што мешањето на стиловите значи да ги следите сите оние трендови кои повеќе или помалку се наметнуваат. Па така, комбинирајте го џемперот со елегантна блуза или кошула, фармерки или кожни хеланки, а преку целата комбинација облечете капут кој е поелегантен. Вака ќе покажете дека имате добар моден стил.

8-5-nachini-kako-da-go-nosite-dzhemperot-vo-razlichni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_ 9-5-nachini-kako-da-go-nosite-dzhemperot-vo-razlichni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар