5 начини да го носите омилениот џемпер во различни модни комбинации

Можете ли воопшто да негирате дека џемперот е еден од вашите омилени парчиња облека кога ќе започнат студените денови, па и во текот на целата зима? Секако дека не, бидејќи кога и да го облечете, или на кој начин и да го комбинирате, дури и тогаш кога ќе се подготвите за само 5 минути, тој ќе направи да изгледате беспрекорно и атрактивно. Како вие ги носите џемперите? Ние имаме 5 одлични начини кои со сигурност ќе ве воодушеват и кои ќе ви дадат нови идеи за деновите кои следуваат.

0-5-nachini-kako-da-go-nosite-dzhemperot-vo-razlichni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

1. Првата модна комбинација се наоѓа помеѓу работниот и шик стилот, која го истакнува вашиот сексапил. Облечете џемпер преку фустанот како кошула или во комбинација со здолниште со А крој. Со високите потпетици или чизмите до глужд облечете чорапи кои ќе ги прикријат вашите колена. Ваквите комбинации ќе направат најпрво вие самите да се почувствувате посамоуверено, комплиментите сигурно ќе доаѓаат од сите страни, а атрактивниот и тренди изглед ќе направи да можете да се појавите секаде каде што ќе посакате или каде што имате обврска.

1-5-nachini-kako-da-go-nosite-dzhemperot-vo-razlichni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_ 2-5-nachini-kako-da-go-nosite-dzhemperot-vo-razlichni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

2. Кога сме веќе кај секси изгледот, одамна научивме дека тој не се постигнува со длабоко деколте, предизвикувачка и провокативна облека, туку со став и добар стил. Иако на прв поглед не би се рекло така, едно мини, кусо здолниште во комбинација со долги или кратки чизми и широк џемпер ќе направат да изгледате како да сте се вратиле од ревијата на некој светски дизајнер. За овој изглед потребни ви се само две парчиња облека, па немојте да пропуштите да ја испробате оваа модна комбинација.

3-5-nachini-kako-da-go-nosite-dzhemperot-vo-razlichni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_ 4-5-nachini-kako-da-go-nosite-dzhemperot-vo-razlichni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

Преминете на следната страница за останатите модни комбинации со џемпери…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар