5 легитимни причини да јадете повеќе маснотии

Со години наназад научниците, докторите и нутриционистите се обидуваат да ни наметнат одредени изрази во дефиницијата за здрава исхрана, од кои особено се истакнуваат оние што се поврзани со намалување на маснотиите. Сигурно толку пати сте чуле за нив, што веќе не ни купувате производи ако на пакувањето не прочитате „без маснотии“, или „обезмастени“. Сепак, и покрај тоа што е убаво да внимавате на маснотиите, треба да знаете дека понекогаш има корист и од нив. Со други зборови, постојат добри маснотии без кои вашето тело едноставно не може да функционира како што треба. Тоа се тие маснотии што се наоѓаат во авокадото, маслиновото масло и рибите. Во продолжение следуваат 5 причини зошто треба да го зголемите консумирањето на добрите маснотии.

5 легитимни причини да јадете повеќе маснотии

1. Маснотии за слабеење

Одредени диети промовираат балансирана исхрана наместо избегнување на маснотиите за поголеми резултати при слабеењето. Една од нив е и диетата со течно кокосово масло или ладно цедено маслиново масло. Според истражувањата, оние што на неделно ниво внесувале 1 литар маслиново масло, изгубиле многу повеќе килограми во однос на оние што не внесувале никакви маснотии.

2. Маснотии за чувство на ситост

Колку долго се чувствувате сити по завршувањето на оброкот? Или пак, колку често не сфаќате дека сте сити сè додека не е предоцна, па се прејадувате? Верувале или не, маснотиите се оние што прават да се чувствувате „полно“, а не јаглехидратите или протеините. Маснотиите се оние што ви даваат чувство на ситост и исполнетост во истиот момент кога на вашето тело ќе му биде доволно храна.

3. Маснотии за кожа што сјае

Клеточните мембрани се составени од масни молекули. На пример, Омега 3 маснотиите можат да се најдат во рибиното масло, лененото масло и маслото од перлила. Сите овие видови маснотии им помагаат на вашите клеточни мембрани да останат флексибилни, притоа правејќи ја вашата кожа да изгледа поздрава и помлада. Дури и маслиновото масло спаѓа на оваа листа.

4. Маснотии за здрав инсулин

Инсулинот игра огромна улога во вашето здравје. Тој ги трансформира шеќерите и протеините што ги јадете во гориво за вашите мускулни клетки. Но, ако изедете премногу шеќери или протеини, инсулинот ги претвора овие калории во лоши маснотии. Исто така, за жал, инсулинот не може да ги претвори лошите маснотии во енергија, па затоа и тие се задржуваат во вашето тело, за разлика од добрите маснотии што помагаат при одржување на здрава количина инсулин во вашето тело.

5. Маснотии за вашиот мозок

Дали сте знаеле дека вашиот мозок е составен од скоро 60% маснотии? И дека истата состојка што се наоѓа во вашиот мозок се содржи и во рибиното масло? Истражувањата покажале дека оние што имаат исхрана богата со Омега 3 имаат најголеми мозоци и најдобра меморија. И не само тоа, туку тие се и помалку склони на депресија и анксиозност.

Имајќи го сè ова на ум, вие не само што имате дозвола да јадете повеќе маснотии, туку и наредба да го сторите истото. Добрите маснотии се најдобриот начин да го подобрите вашето здравје и да го продолжите вашиот живот. Тие исто така го прават вашиот мозок среќен, вашата кожа сјајна и одржувањето на тежината полесно. Консумирате што е можно повеќе рибино масло, маслиново масло и жолчки од јајца. Ќе му направите голема услуга на телото!

Добри новости и за љубителите на пржената храна: Изгледа таа не е толку нездрава колку што мислите!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар