5 добри навики кои го загорчуваат нашиот живот

5 добри навики кои го загорчуваат нашиот живот

Не се само несреќните моменти, лошите периоди и погрешните избори оние кои го загорчуваат нашиот живот и прават да се чувствуваме неуспешно, изгубено, уморно и депресивно. Понекогаш тоа се добрите, одлични, фантастични работи за кои имаме погрешни претстави и кои не се во склад со нашата природа и со она што нè исполнува и инспирира. Па затоа се случува да имаме добра работа, стабилна врска, богат општествен живот, пријатели кои нè подржуваат и грижливо семејство, а секое утро да се будиме нерасположени и исцрпени, прашувајќи се што воопшто ни фали, кога веќе имаме сè?

1-5-dobri-naviki-koi-go-zagorchuvaat-nashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

1. Редоследот на животните успеси

Се знае како треба да живееме. Најпрво школувањето, потоа работата, па брак, деца. Некаде по пат низ школувањето и работата, треба да стекнеме љубовно искуство, но не преголемо, да го пронајдеме човекот на својот живот и да се омажиме. Потоа, логично доаѓаат деца, а животот ни тече како брз јапонски воз. Да, во ова резиме, клучниот збор е „застрашувачко“. Треба да играме на сигурно, бидејќи тоа е мудро и обезбедува добивка, иако таа добивка изнесува само 10%. Но, тоа е подобро отколку да сме вложиле 100% и на крајот да сме изгубиле сè. Подобро за кого?

За нашите родители кои се грижат за нас. И за нашиот страв од животот. Но, ако сме неоткриени авантуристи, чија таканаречената сигурност нè заробува, спречува и нè убива, тогаш како некој мал и сигурен процент на среќа, задоволство, напредок, љубов, хармонија… да го сметаме за свој успех?

2. Партнерство

Секој треба да има некого, бидејќи не сакаме да бидеме сами, без љубов. Но, можеби ние сакаме да бидеме сами. И тоа воопшто не значи дека ќе живееме без љубов. Можеби не сакаме конвенционалност на врската и бракот, а можеби не сакаме некој покрај нас само за да не бидеме сами, туку сакаме љубов, страст, посветеност, сродна душа, раст и развој, вистинско партнерство, кое ретко го гледаме околу себе меѓу паровите кои ги познаваме. И не прифаќаме ништо помалку од тоа. Бидејќи сакаме партнерски однос ист како односот кој го имаме самите со себе.

3. Стареење

Современиот стил на живот не допушта стареење. Границите на младоста се поместија дури до педесеттите. Жените кои треба да бидат баби стануваат млади мајки. Одлично. Делува како стилот на живот да е порелаксиран и како староста да не е повеќе толку застрашувачка. Меѓутоа, тоа сè е императив на младоста. Должен си да бидеш млад и да се противиш на сите начини. А стареењето се случува непрекинато и без можност за запирање. Можете ли во некој момент да сфатите дека тоа е најдобриот аранжман за животот? Можеби ќе сфатите, кога доволно ќе се оддалечите од младоста и кога ќе помислите дека сте застанале, на пример во триесеттите, и ќе се смрзнете од таа мисла. Стареењето е дар!

2-5-dobri-naviki-koi-go-zagorchuvaat-nashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

4. Работата

Ако имаме работа која ни обезбедува егзистенција, треба да бидеме задоволни. Времињата се несигурни, толку многу луѓе ги немаат основните средства и услови за живот. Но, ако ја мразиме својата работа, иако ни овозможува да патуваме – со сопствен автомобил, ако сакаме, или уште подобро со авион, материјалната сатисфакција нема да биде доволна за да бидеме задоволни. Сите ние имаме своја цена, а кога плаќаме со нервите и здравјето, тоа е најголемата цена. Мора да пронајдеме нешто за да работиме и нешто што сакаме – поради рамнотежа, па макар и бесплатно.

5. Толеранција

Се случува да ги измешаме поимите толеранција и трпение. Толеранцијата е одлична работа, ако не го загрозува нашиот интегритет и здравје. Но, некои работи не треба да ги толерираме и треба да научиме како да го правиме тоа. Некои прекини се поздрави и почесни од многу толеранции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар