4 знаци дека вашето дете е чувствително на млеко и млечни производи

Самата помисла на алергија на храна може да предизвика анксиозност кај многу родители. Запознавањето на децата со храната која може да предизвика големи алергиски реакции, како кикириките и школките, може да биде причина за голем стрес, а понекогаш и посета на доктор. Но, алергиите не се единствениот проблем кој треба да биде решен. Осетливоста на одредена храна може исто така да доведе до несакани последици. Голем број деца (и возрасни) се нетолерантни на одредена храна кои не можат да се опишат како алергии, но сепак можат да влијаат врз здравјето.

4 знаци дека вашето дете е чувствително на млеко и млечни производи

Чувствителноста на одредена храна покажува различни симптоми од алергијата. Станува збор за задоцнети реакции кои можат да предизвикаат различни состојби. И покрај тоа што сите луѓе се различни, најголема чувствителност се појавува на млекото и млечните производи. Имајте на ум дека оваа состојба е различна од нетолерантноста на лактоза. Погледнете ги наредниве неколку знаци кои може да укажуваат на осетливост на млеко и млечни производи кај вашите деца:

1. Стомачни тегоби

Дигестивното нарушување е едно од најочигледните знаци дека вашето дете е чувствително на одреден вид храна. Многу бебиња и деца искусуваат дигестивни симптоми, но тоа не значи дека тие се „нормални“. Болките во стомакот, надуеноста, тврдата столица и дијарејата може да бидат знаци дека тие едноставно не ги поднесуваат добро млечните производи. Обидете се да ја смените нивната исхрана во тест-период од 1 недела и забележете дали има некакви промени.

2. Егзема

Овој сув и иритирачки осип е чест кај бебињата и децата и најчесто настанува поради дисфункција на имуниот систем. Кравјото млеко често се поврзува со зголемување на овие симптоми, па доколку го отстраните од редовната исхрана би требало да видите драстично намалување на осипот, а во некои случаи дури и целосно исчезнување.

3. Астма

Астмата е подложна на истата дисфункција како и егземата. Млечните производи го зголемуваат создавањето на слузот и токму поради тоа може да предизвикаат воспаленија и дополнителни проблеми кај децата кои страдаат од астма.

4. Мрсулаво носе

Сосема е нормално, дури и најздравите деца, одвреме-навреме да настинат. Но, ако вашето дете константно ги пројавува овие симптоми на настинка, дури и кога неговото здравје навидум е во ред, би требало да се обидете да го барате проблемот на друго место. Бидејќи млечните производи создаваат повеќе слуз, ова може да биде голем знак дека вашето дете е осетливо на нив. Намалувањето или отстранувањето на млекото и млечните производи може да помогне во прочистувањето на нивниот нос.

Чувствителноста на храната не е секогаш причината за овие здравствени состојби, но може да придонесува за нивно влошување. Не заборавајте дека секое дете е различно и не сите деца со овие симптоми се чувствителни на млечни производи. Но, сепак доколку сметате дека вашето дете има проблеми со млекото и млечните производи, а не е нетолерантно на лактоза, консултирајте се со доктор или нутриционист кој ќе ви помогне во составувањето на соодветна исхрана.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар