4 знаци дека ги запоставувате пријателите поради вашата врска

Кога започнувате нова врска, почетниот период може да биде навистина тежок. Причината е што треба да се навикнете на промената и да најдете начин да воспоставите рамнотежа помеѓу пријателите и партнерот. Но кога врската станува посериозна, неретко едната страна е запоставена.

4 знаци дека ги запоставувате пријателите поради вашата врска

На почетокот од врската, нормално е повеќе време да поминувате со партнерот со цел да се запознаете подобро. Но ако вашата врска и неколку години подоцна ви го одзема целото слободно време, време е да се обидете да ги спасите вашите пријателства. Проблемот е што луѓето не се ни свесни дека ги запоставуваат пријателите. За среќа, постојат некои знаци во вашето однесување кои ќе ви покажат дека можеби сте заборавиле на вашите пријатели поради врската.

1. Често ги откажувате договорените средби

Доколку често им откажувате на пријателите за да поминете време со партнерот, вашето пријателство трпи. Во овие ситуации, сосема нормално е пријателите да ви замерат бидејќи ќе се чувствуваат запоставено после сè што сте поминале заедно.

2. Новостите за пријателите ги дознавате од социјалните мрежи

Доколку важните настани во животите на вашите пријатели ги дознавате од социјалните мрежи, запрашајте се кога последен пат сте ги побарале. Доколку пријателите се чувствуваат запоставено, нема да сакаат да ве вклучуваат во нивните важни моменти бидејќи се разочарани.

3. Кога сте со пријателите, зборувате само за вашата врска

Кога ќе земете предвид дека пријателите речиси и да не ве гледаат поради вашата врска, најверојатно последното нешто за коешто сакаат да разговараат е вашата врска. Па кога сте со нив, обрнете им внимание и покажете интерес за нивните животи.

4. Партнерот ве убедува дека минувате премногу време со пријателите

Никако не ѝ дозволувајте на посесивноста на партнерот да ве оддалечи од пријателите. Доколку му обрнувате доволно време и внимание, партнерот не би требало да се меша во времето кое е само за вас.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашите пријатели ви ја уништуваат врската.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар