4-те главни причини зошто не ја сакате својата работа и како да го промените тоа

Многу истражувања покажуваат дека загрижувачки број луѓе не ја сакаат работата со која се занимаваат и не се чувствуваат пријатно на работното место. Во продолжение прочитајте ги 4-те главни причини зошто ја губите мотивацијата на работа и некои од најефикасните начини да го решите тој проблем.

4-те главни причини зошто не ја сакате својата работа и како да го промените тоа

1. Се чувствувате несигурно

Независно дали станува збор за вашата фирма која не достигнува голем успех или се чувствувате како вашите надлежни постојано да си поигруваат со вас, несигурноста на работа може да ви го уништи денот. Вашата енергија е истрошена и концентрацијата полека ви опаѓа. Послабо ги завршувате задачите и полесно се нервирате.

Совет: Зачестено отворено и директно комуницирање со вашите надлежни за состојбата на вашата работа и компанија. Доколку знаете што точно се случува, ќе работите многу полесно и со план, дури и ако попатно барате друга работа.

2. Немате визија која одлучува за изборите во вашата кариера

Иако честопати ни изгледа поинаку, парите се само мал дел од работната мотивација. Луѓето работат повеќе и подобро кога имаат цел и визија која ги води кон успехот.

Совет: Поставете си цели кои се достижни и редовно проверувајте ги. Тие ќе ви ги подобрат перформансите во канцеларијата и ќе ви помогнат да направите промена во личниот живот. Тоа ќе ве приближи до среќата, а со тоа и ќе ве направи поздрави и постабилни.

3. Вашите надлежни не делуваат како да знаат што прават

Кога мислите дека вашиот шеф или шефица се некомпетентни тогаш тие ја губат вашата самодоверба. Тешко е да се извршува сѐ како што треба и со полна енергија, а во ваквите ситуации имате чувство како целата ваша работа да е една голема шега.

Совет: Доколку вашите надлежни не ви пријдат да побараат совет или мислење, не е примерно сами да им се приближувате и да им давате предлози за тоа што треба да направат. Најдобро е да почнете да барате нова работа на која ќе имате надлежни кои ќе ви бидат пример, на кои ќе им верувате и со кои слободно ќе можете да ги споделувате своите идеи.

4. Вашите колеги се непријатни

Понекогаш ниту платата, ниту типот на работата со која се занимавате не се причината поради која сте тука. Посебно ако имате одличен однос со колегите. Честопати тој е пресуден за да ја толерирате својата работа. Доколку, за жал, се наоѓате во понегативна атмосфера, нема да имате ниту елан, ниту волја за правилно да ја работите својата работа.

Совет: Ако не ви се допаѓа работата или платата, можеби треба да се обидете со друга кариера. Доколку ја сакате својата работа и не сакате да ја промените само поради неколку непријатни колеги, обидете се да го промените својот став или да работите на решавањето на конфликтите на работното место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар