4 совети кои дефинитивно треба да ги игнорирате доколку сакате да имате успешна кариера

4 совети кои дефинитивно треба да ги игнорирате доколку сакате да имате успешна кариера

Да, предвидливи сме – доколку не размислуваме за љубовта, тогаш размислуваме за работата. И сосема е точно дека секогаш мораме да размислуваме за нешто, да планираме, да анализираме, но не го правиме ние тоа залудно! Ние точно ги знаме нашите цели и приоритети и точно го знаеме секој наш нареден чекор. Нашата кариера едноставно мора да се одвива така како што сме ја замислиле и тоа е тоа. Како може некој да живее во хаос и неред и постојано да остава работите сами да се случат?

1-4-soveti-koi-definitivno-treba-da-gi-ignorirate-dokolku-sakate-da-imate-uspeshna-kariera-www.kafepauza.mk_

Доколку и на вас, покрај љубовта, ви е доста важен успехот во работа и кариерата, најверојатно понекогаш слушате или самите барате совети кои може да ве донесат до врвот, но бидете внимателни. Иако некои совети ви изгледаат сосема логични, оправдани и точни, сепак тие не се. Обрнете внимание на овие совети. Сигурно сте ги слушнале милион пати до сега, но тие нема да ве однесат онаму каде што сакате, па затоа е подобро да ги игнорирате.

1. „Парите не се важни!“

Да се разбереме – знаеме каде живееме. Секако дека парите се важни, а секој кој го тврди спротивното најверојатно е роден под среќна ѕвезда и не мора воопшто да се грижи за својата финансиска ситуација. Во спротивно, секако дека е важно колку заработувате, особено доколку сакате да живеете на одреден начин. Не луксузно, но доколку сакате чевли – ќе ги купите без да трепнете. Доколку сакате да патувате, единствен проблем треба да биде како и кога ќе земете одмор, а не дали ќе имате доволно пари. И тоа е тоа. Секако, не сме материјалисти, парите не се единствената работа на која треба да се мисли, но факт е дека го олеснуваат животот. Освен тоа, ако работите и се трудите, зарем нема да сакате да бидете соодветно наградени за тоа?

2. „Мораш да започнеш од нула!“

Или, „Мораш да започнеш од нешто“… Па, како да кажеме, не мора. Зошто би работеле нешто што е под вашето ниво на образование или искуство за само да работите. Ако заслужувате повеќе – борете се за тоа! Гледајте на тоа вака: Дали би дале огромна сума пари за фустан или кошула што не вредат за тие пари? Најверојатно нема, бидејќи имате претстава за парите и за вредноста на нештата. Време е да сфатите колку вредите, што сакате да работите и колку да заработувате. Лесно е! Секако, доколку ситуацијата е таква, работете и не прашувајте, но никогаш не се откажувајте од вашите соништа и желби за напредување.

2-4-soveti-koi-definitivno-treba-da-gi-ignorirate-dokolku-sakate-da-imate-uspeshna-kariera-www.kafepauza.mk_

3. „Следи една страст!“

Овој совет воопшто не е практичен. Како всушност можете да одредите која е таа една работа која најмногу ви одговара? Зарем не е нормално да имате повеќе интереси, хоби, идеи? Па да, нормално е. Затоа, работете го она што го сакате, без разлика што тоа вклучува. Не мора да се фокусирате на едно. Или, изберете ја онаа работа која ќе ви овозможи да заработувате и продолжете да се занимавате и со оние работи кои ги сакате. Еден удар – повеќе муви. Едноставно, не откажувајте се од себе.

4. „Чекај ги своите пет минути!“

Точно е дека понекогаш нештата навистина доаѓаат кога им е време, па добро е одвреме-навреме да се водите според изреката „Сѐ во свое време“. Но, некогаш едноставно не треба да чекате. Бидејќи никогаш нема да дочекате. Ако нешто сакате или мислите дека го заслужувате – прашајте, барајте, заповедајте, не чекајте. Доколку не се боите за себе, логично, одговорот секогаш ќе биде „НЕ“. А доколку се обидете, прашате, најлошото нешто што можете да го добиете е тој негативен збор со 2 букви, но барем ќе знаете дека сте се обиделе. И барем можете да разговарате со надредените за тоа што ве мачи за да знаете каде сте и што е потребно да направите ако сакате да се качите повисоко на работната скала. Охрабрете се и направете го првиот чекор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар