4 ситуации кога е во ред да лажете во вашата врска

4 ситуации кога е во ред да лажете во вашата врска

Искреноста е една од најважните работи во секоја љубовна врска, но не е лесно да најдете партнер кој не ја „искривува“ вистината понекогаш. Но сепак, во некои ситуации во ред е да се каже по некоја лага. Погледнете за кои станува збор.

4-situacii-koga-e-vo-red-da-lazhete-vo-vashata-vrska-kafepauza.mk

1. Не се чувствувате безбедно

Некогаш врските можат да станат заканувачки и непредвидливи. За жал, емоционалното, вербалното и физичкото насилство може да ја направат вистината опасна одлука. Ако не се чувствувате безбедно да му ги кажете вашите искуства или мисли на партнерот, подобро почекајте. Штом ќе најдете утеха и сигурност кај пријателите, семејството или професионалец, кажете им ја вистината и побарајте помош.

2. Вашето семејство има сомнежи за врската

Повеќето луѓе сакаат да знаат што мислат пријателите и семејството за нивниот партнер. Но кога овие мислења не се баш најдобри, подобро е да не му кажувате на партнерот. Ако му откриете дека вашите пријатели баш и не го сакаат нема да ѝ помогнете на врската. Логично е, доколку можете да го заштитите партнерот од лоши мислења.

3. Не ви се допаѓа неговата облека

Кога вашиот партнер ќе ве праша како изгледа, одговорот може да биде опасна територија. Ако не ви се допаѓа облеката што ја носи подобро дајте му го комплиментот што сака да го слушне. Исто така, за да го отстраните овој „проблем“, можете да му предложите да облече нешто друго суптилно потсетувајќи го на облеката која му стои навистина добро.

4. Ако партнерот малку се „опуштил“

Можеби сте забележале дека вашиот партнер качил некој килограм или дека не е во форма. Луѓето настојуваат да се опуштат кога се во врска, па од овде доаѓа и изразот „љубовни рачки“. Ако забележите дека вашиот партнер се „заоблил“ или ако ве праша за неговото здебелување, само насмевнете се и прегрнете го. Ако ова навистина ве мачи или ако сте загрижени за неговото здравје, предложете заедно да го смените начинот на живот и да почнете со поздрави навики. Како пар почнете да се храните поздраво, да вежбате повеќе, а да се опуштате помалку.

Потајниот пристап до вистината понекогаш е подобар, но не дозволувајте лажењето да ви премине во навика. Без разлика во каква ситуација сте, не заборавајте дека со голема искреност доаѓа и голема одговорност. Имајте ги на ум потребите на другите кога треба да одлучите дали да ја кажете или да ја прикриете вистината.

Погледнете ги и овие суптилни знаци кои покажуваат дека некој ве лаже.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар