4 штетни лаги што си ги кажуваат жените кога се заглавени во токсична врска

4 штетни лаги што си ги кажуваат жените кога се заглавени во токсична врска

Луѓето сакаат да кажуваат дека љубовта е слепа, а ова е особено вистина кога станува збор за жена во токсична врска со маж кој има нарцисоидни одлики. Многу жртви на малтретирање живеат во постојана заблуда и можат да се фокусираат само на времињата кога партнерот се покажувал како грижлив и добар.

4 штетни лаги што си ги кажуваат жените кога се заглавени во токсична врска

За жал, лагите што си ги кажуваат овие жени се опасна форма на самопотврдување. Овие лаги се со цел да си ја задржат илузијата дека се безбедни и дека врската е во ред. Погледнете кои се најчестите.

1. „Ако му покажам колку го сакам, ќе се промени“

Длабоко во себе верувате дека сите проблеми можат да се решат со вашата безусловна љубов. Ако се држите за идеалот дека ќе ја спасите врската и ќе му помогнете на партнерот со моќта на љубовта, размислете повторно. Она што навистина го правите е давање постојано внимание кое ја храни токсичноста на партнерот.

Тој ве држи зафатени со неговите игри и трикови. Го консумира вашиот ум. Ви влегува под кожа и му штети на вашето физичко и ментално здравје. Вашата љубов само го поддржува ова.

2. „Минува низ тежок период. Наскоро нештата ќе станат подобри“

Луѓето кои минуваат низ тежок период можно е да доживеат кратки промени во однесувањето. Но кога ова однесување трае, знаете дека тогаш станува збор за малтретирање.

3. „Тој не е оваа личност. Никогаш не бил ваков“

Она што навистина се случува е тоа што не можете да се ослободите од сликата за личноста којашто сте мислеле дека е вашиот партнер. Всушност, тој отсекогаш бил ваков. Одговорите на овие прашања ќе ве убедат во тоа:

  • Дали е заинтересиран за вашите чувства?
  • Дали одговара со грижа кога ќе му кажете колку сте повредени по расправија?
  • Дали го цени вашето мислење кога кажувате што ви пречи во врската?

Или, ги игнорира вашите чувства и ви кажува дека само си замислувате работи?

4. „Не можам да се откажам од него“

Постои разлика помеѓу тоа да се откажете и тоа конечно да ви е доволно. Важно е да знаете кога веќе ви е премногу за да можете да поставите граници. Ова може да биде проблематично ако сте личност која тешко си заминува. Верувате дека нема никаква причина да се откажете, бидејќи ако сте го направите тоа сте се поразиле самите. Овој начин на размислување дополнително ве заглавува.

Не дозволувајте ова да ве убие. Не можете да ја спасите врската. Доколку партнерот навистина има проблем со неговото однесување и ве малтретира, вашите љубов, посветеност и сочувство не можат да го променат или да му помогнат.

Дознајте кои се неочекуваните нешта што ќе се случат кога ќе се ослободите од токсичната врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар