4 причини поради кои материјализмот никогаш нема да ве усреќи | Како да се справите со тоа?

4 причини поради кои материјализмот никогаш нема да ве усреќи | Како да се справите со тоа?

Психологот Кетрин Браун Рамспергер вели дека клиентите кај неа доаѓаат велејќи дека им фалат време и пари за да бидат среќни. Демек, мора да постигнат определени нешта во животот за да бидат среќни. Таа не се сложува со тоа и наскоро успева да ги разубеди дека во животот им е потребен квалитет на нештата, а не квантитет. За жал, живееме во ера во која среќата се мери по тоа колку човек може да купи. Но на крајот на краиштата, секој сам го прави изборот дали ќе верува во тој нездрав идеал или ќе го среди животот според тоа што навистина му е потребно. Материјализмот никогаш нема да ве усреќи.

4 причини поради кои материјализмот никогаш нема да ве усреќи и како да се справите со тоа

1. Научени сме да веруваме во материјализмот

Научени сме дека ако не го поседуваме последниот модел на смартфон или не се облекуваме според трендовите, тогаш не се вклопуваме во средината во која живееме. Сите сакаат да бидат во текот со најновите материјални нешта кои се во продавниците и притоа чувствуваат емоционален притисок да ги купат, а тоа се заканува по емоционалното здравје и на возрасните и на нивните деца.

2. Купувањето го блокира стравот од несреќа

Иако е доволно нацицан со материјални нешта, човекот ќе чувствува потреба за уште затоа што во позадина работи неговиот страв дека ако престане со тоа ќе престане и неговата среќа. Но, тој е како сунѓер и може да прими само онолку за колку што има потреба и капацитет. Ако човек застане тука, ќе сфати дека е многу среќен и со она што веќе го има.

4 причини поради кои материјализмот никогаш нема да ве усреќи и како да се справите со тоа

3. Илузија на сиромаштијата

Некои луѓе сметаат дека се сиромашни само затоа што не можат да ги купат предметите кои се актуелни според последните потрошувачки трендови. Поради тоа живеат во илузија за својата сиромаштија и, се разбира, се чувствуваат несреќно. Човек мора реално да размисли за тоа што му треба во животот и што му фали. Рамспергер вели дека работела со луѓе од земјите во Африка и тие биле многу посреќни од Американците. Навистина, во Африка има војни, но тие се случуваат поради недостиг на некои основни работи за живот, не заради неможноста да се купи ајфон или да се студира на приватен факултет.

4. Се опседнуваме со мерење на сè и сешто

Мериме дали чашата е полупразна или полуполна и најчесто мислиме дека е полупразна. Мериме дали имаме доволно голем дом, дали телевизорот е доволно нов, дали учиме во доволно престижно училиште, дали излегуваме во доволно престижни дискотеки. Си замислуваме дека животот не е убав без тие работи и завршуваме трошејќи пари кои сме ги заштедиле или позајмуваме пари кои ги немаме само за да не бидеме под црвената линија кога ќе биде мерењето.

4 причини поради кои материјализмот никогаш нема да ве усреќи и како да се справите со тоа

Како да се справите со овој проблем?

Рамспергер советува да запаметите четири работи:

1. Давајте се себеси, а не предмети. Подарете им го на луѓето своето време, а не некој сувенир од вас. Тие сакаат да ве видат и да си поразговараат со вас. Повеќе ќе ве паметат по тоа отколку по предметите кои им ги купувате.

2. Бидете благодарни. Имате многу нешта за да бидете благодарни. Тука пред сè се нематеријалните нешта и љубовта со која сте опкружени, а ја занемарувате додека сте опседнати со парите. Бидете благодарни и на парите кои ги имате и на телевизорот кој ви овозможува да гледате интересни работи, на телефонот кој ви овозможува да разговарате кога тоа ви е потребно.

3. Бројте ги привилегиите кои ги имате. Не се битни работите кои ни се случуваат, туку начинот на кој гледаме на нив. Избројте со што сте благословени во животот и ќе сфатите колку е површна вашата опседнатост со материјалното.

4. Одвојте време за себе. Посветете си повеќе мигови за вас, а помалку за да мислите на парите. Како што вели една изрека, животот не се мери според тоа колку пати сте вдишале и издишале, туку колку пати нешто ви го одзело здивот. Уредете го животот според неа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар