4 нешта кои можат негативно да влијаат врз вашата желба за секс

4 нешта кои можат негативно да влијаат врз вашата желба за секс

Според неодамнешни истражувања, скоро 11% од жените на возраст помеѓу 18 и 44 години се соочуваат со овој сексуален проблем. Иако не изгледа многу, сепак станува збор за загрижувачка бројка. Со оглед на тоа што никој не знае точно како треба да изгледа едно „нормално“ либидо, многу научници се согласуваат дека тоа е индивидуално за секоја жена. Токму затоа и нивното мислење е поделено околу заклучокот дека решението се наоѓа во лековите.

4 нешта кои можат негативно да влијаат врз вашата желба за секс

Произведувачите тврдат дека лекот ја лечи сексуалната дисфункција кај жените, која најчесто се манифестира преку недостаток или намален интерес за сексуална активност, фантазија, задоволство или возбудување (дури и покрај иницијативата на партнерот) кои траат повеќе од 6 месеци, а не се предизвикани од други фактори. Следниве 4 причини се најчестите фактори кои можат да влијаат врз вашиот сексуален живот и за кои не ви требаат лекови за да се справите со нив.

1. Пилули за контрацепција

Сексуалниот нагон е под контрола на хормоните, како што е тестостеронот. Постојат одредени пилули за контрацепција кои го намалуваат создавањето на тестостеронот, па затоа и директно влијаат врз намалување на либидото. Според едно истражување, дури 25% од испитаниците почувствувале намалена заинтересираност за секс додека биле на пилули, но според експертите, само мал број жени можат да бидат толку драстично погодени на овој начин. Сепак, доколку почувствувате дека вашата сексуална желба се намалува по почнувањето со пилули за контрацепција, обидете се да се заштитите од несакана бременост со некој од другите методи.

2. Расположение

Депресијата, исто како и земањето антидепресиви, можат погубно да влијаат врз либидото. Сексот исчезнува од листата на приоритети за вашиот организам, бидејќи тој е целосно фокусиран на борење со тешката ситуација во која се наоѓа. Оваа реакција е иста како и кога се борите со одредена болест. Токму тоа може да го објасни и фактот дека проблемите со тироидната жлезда, која го контролира метаболизмот, исто така се поврзани со промени во сексуалните желби.

Имајќи го ова на ум, вие не треба да бидете во тешка депресија за тоа да се одрази на вашето либидо. Најчесто главниот виновник за овој проблем е токму секојдневниот стрес. Новите истражувања покажуваат дека неправилностите во чукањето на срцето и забавениот пулс, кои се поврзани со високото ниво стрес, исто така се поврзуваат и со сексуалната дисфункција. Кортизолот и адреналинот кои се лачат за време на стресот го менуваат начинот на кој нашето тело се однесува во поглед на сексот.

Најдобар совет: Вежбајте! Физичката активност му сигнализира на вашето тело дека сте избегале од стресот. Сонот исто така може многу да ви помогне. Обезбедете си дополнително време за одмор и постојат 14% повеќе шанси дека уште следната вечер ќе имате секс.

3. Сексуална добросостојба

Некои дами имаат разиграно либидо, кое во споредба со желбата на партнерот или со нивните лични очекувања, делува како недоволно. Многу жени имаат јасна слика за тоа колку често би требало да имаат секс. Ако ги прашате, поголемиот дел од нив би ви рекле дека магичната бројка е 2 пати во неделата. Токму затоа и се чувствуваат нервозно доколку не ја исполнат оваа норма. Бидејќи нервозата е спротивна на возбудата, тоа води кон критичност за сопственото либидо, сексуалниот чин или телото, што најчесто предизвикува еден вид сексуална кочница. Иако не е лесно да се негува љубов кон себе, таа може многу да ви помогне во вашиот сексуален живот. Најдобриот начин за постигнување сексуална добросостојба е доколку целосно го прифатите вашиот дух и тело.

4. Партнер

Една од добрите страни кај долгите врски е што можете да имате секси акција секоја вечер, се согласувате? Но, токму тука е и проблемот. Кога се наоѓате во долга врска, постојат реални шанси да не сакате секс секоја вечер. На почетокот тоа ви изгледало како незамисливо, но со тек на време оваа желба се намалува. Тоа не значи дека вашата врска е лоша, туку дека едноставно влегувате во нова фаза со вашиот партнер. Едноставно пробајте да ги гледате нештата од друг агол и одеднаш сè ќе стане подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар