4 научно потврдени факти дека анксиозните, негативни луѓе се многу поздрави

4 научно потврдени факти дека анксиозните, негативни луѓе се многу поздрави

Да, добро прочитавте. Сигурно целиот ваш живот ви велеле да ја прифатите моќта на позитивното размислување, па сте се обидувале да ги скриете сите оние негативни, нервозни и анксиозни мисли – најчесто неуспешно. Но, науката конечно ја побива изреката „Престани да се грижиш или ќе си направиш чир“ и ни покажува дека негативните емоции се исто толку важни за нашиот живот како и позитивните. Погледнете ги следниве физички и психички придобивки од вашите негативни емоции.

4 научно потврдени факти дека анксиозните, негативни луѓе се многу поздрави

1. Повлекување кога сте тажни

Кога поминувате низ нешто големо, како на пример, раскинување или губење блиска личност, сосема е нормално да се повлечете од светот, да се замотате во ќебе и да лежите во вашиот кревет гледајќи филмови и ТВ серии без престан. Нема потреба дури ни да станете да си зготвите нешто за јадење, бидејќи за тоа ќе се погрижи бесплатната достава од различните ресторани во близина.

Имајќи го ова на ум, невронаучниците откриле дека овој вид повлекување е начин на кој вашиот мозок му вели на телото да премине во потребната форма на хибернација. Тој прави сè што ви е потребно за да ви помогне побрзо да оздравите и повторно да се почувствувате силно.

2. Плачење додека имате солзи во очите

Постојат луѓе, кои без разлика на ситуацијата (тага, лутина, среќа…), тие ја поминуваат со плач. Можеби оваа навика ве фрустрира, бидејќи се чувствувате како во текот на вашиот живот да сте исплакале цел океан, како и поради фактот дека сте се нашле во неколку (повеќе) непријатни ситуации кога сте биле опколени со луѓе.

За среќа, науката и во оваа област нашла нешто позитивно. Солзите ги отстрануваат токсините (вклучувајќи ги и хормоните за стрес), ги убиваат бактериите и го подобруваат вашиот вид. Можете да се сетите на неверојатното чувство на смиреност откако ќе се исплачете? Тоа е биологија!

3. Периоди на изолираност и самотија

Постои огромна разлика помеѓу тоа да се чувствувате осамено и да уживате во самотијата. Со оглед на тоа што живееме во ера на поврзаност, сега повеќе од кога било претходно мора да запомниме дека понекогаш ни е навистина потребно да се „исклучиме“, односно да бидеме сами и да уживаме во сопственото присуство без притоа да се чувствуваме осамено.

Кога уживате во самотијата, му дозволувате на вашиот мозок да се „ресетира“, ја подобрувате вашата продуктивност, но и ги решавате проблемите со поголема леснотија. Токму затоа и воопшто нема потреба да се грижите за сите оние моменти кога сте решиле да јадете сладолед дома, гледајќи серии, наместо да излезете со вашите пријатели и пријателки.

4. Моменти на анксиозност

Анксиозноста е нешто што секој човек го искусува, на еден или друг начин. Освен ако не страдате од нарушување на анксиозноста, проследено со напади на паника, тогаш дневната доза анксиозност може да ве охрабри да ги тестирате вашите граници, да се туркате себеси и да бидете поподготвени при преземањето големи чекори. Анксиозноста ќе ве држи „на штрек“ и ќе ви помогне будно да го следите секој момент од вашиот живот.

Астронаутот Крис Хадфилд го нарекува ова прифаќање на моќта на негативното мислење и тој без сомнение е во право. Наместо да ги гледате негативните емоции како пречки, време е да почнете да ги гледате како нешто сосема нормално, од кое можете да имате огромна корист во секојдневието. Обидете се да размислувате на овој начин и подгответе се целосно да го промените својот живот… на подобро!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар