4 начини за привлекување позитивни случувања и луѓе: Емоциите го одредуваат нашиот живот

4 начини за привлекување позитивни случувања и луѓе: Емоциите го одредуваат нашиот живот

Во својата потрага по тоа што го сакаме, ние понекогаш не разбираме дека привлекувањето лежи во магнетизмот на нашето срце. Емоциите кои ги чувствуваме ги привлекуваат луѓето и случувањата што се во согласност со нив. Како се случува ова и како можете да се научите себеси да ги користите емоциите во своја корист за да го изградите животот што отсекогаш сте го сакале?

1. Луѓето и настаните што ги привлекувате во својот живот всушност ве рефлектираат вас и вашата личност, како еден вид огледало. Огледалото не секогаш ќе ги рефлектира истите луѓе и настани, туку оние кои ги привлекува магнетизмот на вашето срце.

2. Вие го привлекувате сличното или истото, и секој пат кога ќе видите некоја заедничка особина кај друг, се чувствувате самите себе. Затоа и секогаш кога ќе одлучите дека сакате некој друг, вие се сакате себеси малку повеќе.

3. Вие сте привлечени од спротивностите. Секогаш кога ќе забележите разлики во однос на другиот човек, вие чувствувате кои сте и каде сте. И секогаш можете да одлучите во кој правец сакате да се развивате, притоа добивајќи многу повеќе сила.

4. Тоа што не го сакате, го привлекувате толку силно, само затоа што поттикнува бурни чувства и претстави кај вас. Тие се дел од вашиот магнет што ги привлекува нештата околу вас. Мора да најдете начин да се фокусирате на позитивното, за да почнете само тоа да го привлекувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар