4 лаги за процесот на посвојување деца во кои мора да престанете да верувате

4 лаги за процесот на посвојување деца во кои мора да престанете да верувате

Од сите начини на кои можете да станете родители или да го проширите вашето семејство, посвојувањето има посебно место во срцето на оние кои се одлучуваат за овој процес. Но, дури и ден денес, постојат многу лаги што го следат посвојувањето и не им дозволуваат на одредени идни родители да се осмелат да го направат овој чекор – дури и ако тоа им е единствената опција. Токму затоа прочитајте ги 4-те најголеми лаги во продолжение што ќе ви помогнат полесно да се одлучите.

(1) 4-lagi-za-procesot-na-posvojuvanje-deca-vo-koi-mora-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk

1. Потребно е многу време за посвојување

Според истражувањата, поголемиот дел од семејствата успеваат да посвојат дете до 2 години од започнувањето на процесот. Но доколку сакате да посвоите новороденче, овој период може да се продолжи и до 7 години. Од друга страна пак, оние што бараат дечиња со посебни потреби, често откриваат дека процесот е многу брз и краток.

2. Процесот на посвојување е премногу скап

Ова не е вистина, најчесто. Постојат голем број фактори што влијаат на цената – на пример, дали сакате да посвоите преку јавна или приватна агенција или пак, ќе одите преку независен медијатор… потоа дали ќе ги покриете медицинските трошоци на мајката, колку ќе ве чини вашиот адвокат и слично. Токму затоа и треба да внимавате да го одберете најдобриот начин за вас, но и да размислите кој процес најмногу би ви одговарал, како и која е возраста на детето што сакате да го посвоите.

(2) 4-lagi-za-procesot-na-posvojuvanje-deca-vo-koi-mora-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk

3. Биолошките родители може да се премислат и да бараат старателство

Шансите за ова да се случи се многу мали и најчесто се во периодот пред потврдување на посвојувањето. Тие може да се премислат во текот на процесот на посвојување, но откако легалните документи ќе се завршат, детето си добива нови родители и неговите биолошки родители немаат никаква правна поврзаност со него, а и најчесто не се заинтересирани да се мешаат.

4. Посвојувањето изобилува со тајност

Можеби ова важело во минатото, но во денешно време постои голема транспарентност што е во корист и на родителите и на децата. Истото важи и за биолошките мајки што во 55% од случаите се одлучуваат за „отворено посвојување“. Тоа значи дека тие се запознаваат со новите родители пред детето да биде родено, а потоа остануваат во контакт за да го следат напредувањето на малото, како и да се договараат за средби доколку тоа е барано од двете страни.

Прочитајте ги и овие 7 вистини за посвојувањето кои треба да ги знаат сите оние кои сакаат да посвојат дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар