4 иритирачки прашања што никогаш не треба да му ги поставувате на партнерот

4 иритирачки прашања што никогаш не треба да му ги поставувате на партнерот

Комуникацијата е клучна за да имате здрава врска, но постојат некои прашања што никогаш не треба да ги поставувате. Мажите не само што никогаш не сакаат да ги слушнат овие прашања, туку тие може да ги уништат вашите шанси за заедничка иднина. За да го избегнете тоа, никогаш не поставувајте ги овие 4 иритирачки прашања.

4 иритирачки прашања што никогаш не треба да му ги поставувате на партнерот

1. „Дали мислиш дека сум дебела?“

Мажите го презираат ова прашање затоа што не постои јасен начин како тој да одговори правилно. Ако рече „не“, жената може да го обвини дека лаже, но ако одговори со брутална искреност и рече: „Не, но би можела да се откажеш од сладоледот“, тоа само ќе ги повреди нејзините чувства.

Мажите ги привлекуваат самоуверени жени, а ваквите прашања ве прават да изгледате несигурно.

2. „Каква беше твојата поранешна девојка?“

Пред да го поставите ова прашање, размислете кои се вашите мотиви.

Дали се обидувате да откриете какви жени го привлекуваат? Дали сте само љубопитни? Дали сте љубоморни што претходно бил заљубен?

Откако ќе одговорите на овие прашања, размислете дали навистина ви е важен одговорот на тоа прашање? Ако тој не е со неа, туку со вас, што уште треба да знаете?

Прашањата како ова само ве прават да изгледате несигурно. Таа врска не функционирала поради некоја причина, па не давајте му повод да погледне назад во минатото.

3. „Дали ќе ми се јавиш кога ќе стигнеш таму / кога ќе заминеш / пред да заспиеш?“

Момците сакаат да им се јавуваат на своите девојки, но само кога сакаат, а не затоа што чувствуваат дека треба да им се јават.

Ако тој се чувствува обврзан да ви се јавува и да ви го кажува секој свој потег, полека ќе почне да чувствува одбивност кога ќе го земе телефонот.

Неговите телефонски повици може да ве направат да се чувствувате посигурно, но зарем не би уживале повеќе во вниманието ако му дадете слобода да направи свој избор како да ви даде до знаење дека му сте важна и дека тој размислува за вас?

Ќе се чувствувате многу подобро кога ќе знаете дека тоа го прави затоа што сака, а не затоа што едноставно мора да го направи тоа.

4. „Каде нè гледаш за десет години?“

Повеќето мажи немаат долгорочни планови за својата врска. Тие живеат во моментот и уживаат во секоја секунда помината со жената за која се грижат.

Тоа не значи дека мажите не сакаат долгорочни работи или цели, но ако сега ви е посветен вам, тој не размислува што ќе биде по десет години. Тој е задоволен од тоа како се одвиваат работите и само сака тоа да продолжи.

Понекогаш, жените кои се несигурни ќе поставуваат вакви прашања во обид да го натераат момчето да каже дека бракот, децата или купувањето куќа се дел од неговите планови за иднината.

Ако се чувствувате несигурно во вашата врска, во ред е да поставувате прашања поврзани со иднината, но не треба да поставувате прашања за неговите планови по десет години ако сте во врска само шест месеци.

Прочитајте кои 11 знаци откриваат дека не уживате во сексот со вашиот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар