4 диети за детоксификација на вашиот организам

4 диети за детоксификација на вашиот организам

Диетата за детоксикација ви помага да ги отстраните отровите од вашето тело за тоа да може да продолжи нормално да си ја врши својата работа. Иако здравото тело е способно самото да се детоксицира при што сите органи (цревата, црниот дроб, бубрезите, лимфниот систем, белите дробови, крвта и кожата) развиле систем преку кој ја исфрлуваат нечистотијата од организмот, сепак тоа не е секогаш доволно. Во продолжение ви споделуваме неколку начини за детоксикација и чистење на вашето тело.

4 диети за детоксификација на вашиот организам

Диета со вода

Диетата или постот со вода е еден од најригорозните начини за детоксикација и чистење на вашето тело и се состои само од… вода. Овој пост се препорачува да не трае повеќе од 5 дена, а за почетниците доволно е да започнат со само еден ден сè додека не се навикнат на режимот. Не заборавајте да го испланирате постот за денови кои ви се определени за одмор од секојдневните обврски.

Детокс диета со сок

Наместо од вода, овој пост се состои од сокови. Заборавете ги оние кои можете да ги најдете по маркетите и кои се полни со шеќер. Најдобро е да купите овошје и зеленчук – зелка, спанаќ, морков, јаболко, ананас, и да си направите свеж сок.

Диуретична диета

Друг начин за детоксикација и чистење на телото е диуретичната диета која му помага на организмот да се ослободи од вишокот течности. Аспарагусот, глуварчето, семето од целер, дињата и магдоносот се суштински дел од диуретичната исхрана.

Овошна моно диета

„Моно“ значи „едно“ и како што веќе претпоставувате, оваа диета опфаќа само едно овошје. Оваа диета ќе ви помогне да ја регулирате pH рамнотежата на вашиот организам и нивото на шеќер со што клетките на телото сами ќе се исчистат.

Откако ја прочитавте нашата листа со диети за детоксикација на организмот, можеби ќе сакате да прочитате и како да направите зимска детоксикација во само шест чекори.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар