4 чекори што ќе ви помогнат да управувате со вашиот емоционален живот

4 чекори што ќе ви помогнат да управувате со вашиот емоционален живот

Никој нема да се спротивстави на идејата дека емоциите имаат големо влијание врз човековиот живот. Имено, луѓето повеќе се предодредени да чувствуваат, наместо да мислат. Како резултат на ова, честопати процесот на донесување одлуки е брз и под влијание на емоциите и потсвеста. Но, никогаш не ќе можете да ги искорените од вашата личност. Тие не само што влијаат на начинот на кој размислувате, туку без нив, вие не би биле човечни. Не постојат лоши емоции, затоа што од некој аспект, сите тие се корисни кога се присутни во разумни мерки.

4 чекори што ќе ви помогнат да управувате со вашиот емоционален живот

Сепак, многумина страдаат од погрешни емоции кои им стануваат вообичаени, па доколку им дозволат да се вкоренат во нив, тогаш тие предизвикуваат штета. Доколку сакате да бидете во можност да управувате со вашите емоции за кои сметате дека ве попречуваат да успеете во вашиот живот и ве држат постојано во исто место, тогаш потрудете се да ги следите овие четири чекори кои може да ви помогнат поефикасно да управувате со нив.

1. Препознајте ги

Најпрво, треба да ги именувате емоциите кои ви се присутни. Дали е тоа бес, осаменост, страв, љубомора или нешто друго? Со тоа што ќе ги именувате, вие едноставно ја признавате самата емоција, наместо да го согледувате контекстот во кој таа се појавува.

2. Прифатете ги

Ова е најверојатно најтешкиот чекор. Идентификувањето и именувањето на емоциите е доволно тешко, а нивното прифаќање се чини уште потешко. Премногу често вашето его сака да го оправда начинот на кој се чувствувате. Тоа е оправдување дека вашиот карактер е создаден од емоциите кои ги имате. Гледано од оваа перспектива, не се емоциите тие кои предизвикуваат тага, туку приказната што ја креирате околу нив. Кога ќе ги прифатите, вие не се обидувате да укажете на тоа дали се во ред или не, туку наместо тоа, си давате дозвола да ги имате. На овој начин ги признавате емоциите и ги прифаќате без да додавате приказна или причина зошто се чувствувате на тој начин.

3. Истражувајте

Знаете кои ви се емоциите, ги прифативте, па со следниот чекор треба подлабоко да погледнете во нив. Кои се симптомите, односно физичките ефекти кои ги чувствувате од нив? Тука е важно да бидете љубопитни. Вие нема да погодувате дали емоциите, симптомите или физичките ефекти се правилни или погрешни, туку ќе го прифатите целосното искуство што го доживувате.

4. Набљудувајте

Сега, треба да направите еден чекор назад од емоциите и физичките симптоми кои се создаваат. Едноставно продолжете со она што треба да го правите во животот. Не заплеткувајте се во приказната околу тоа како се чувствувате. Сите емоции поминуваат. Дозволете им да си ја завршат својата работа.

Со доволно вежбање, вие ќе сфатите дека сте способни да влијаете на моќта која емоциите ја имаат над вас. Не ги отстранувате, знаете дека постојат, но едноставно не си создавате приказна за нив, а ниту пак им придавате и причина зошто се тие таму. Откако ќе согледате дека се преодни, ќе сфатите дека тие не може да го дефинираат и резултатот од искуството што го имате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар