4 чекори до трајно темна кожа: Како да го задржите исончаниот тен и по завршувањето на летната сезона?

4 чекори до трајно темна кожа: Како да го задржите исончаниот тен и по завршувањето на летната сезона?

Започна сезоната на летни годишни одмори, како и минување викенди покрај море или базен, само со цел да се побегне од вжештениот град. Иако сите жени не сакаат да се сончаат, поголемиот дел ја сака темната боја на кожа, бидејќи така се чувствуваат поубаво и имаат поголема самодоверба, па не е чудно што голем дел од нив сакаат што подолго да ја задржат. Но, дали знаете како да го постигнете тоа? Ако вашиот одговор е „не“, ние денес ви ги откриваме сите тајни.


1-samo-4-chekori-do-trajno-temna-kozha-kako-da-go-zadrzhite-tenot-i-posle-letnata-sezona-www.kafepauza.mk_

1. Подгответе ја кожата за сончање

Клучот на долготрајната темна кожа лежи во квалитетно подготвената кожа пред да стигнете на плажата. Прво што ви е потребно е добар пилинг, кој ќе ги отстрани сите мртви клетки и ќе ја направи вашата кожа поздрава.

2. Останете хидрирани

Ако вашата кожа е правилно хидрирана, вашиот исончан тен ќе биде постојан. Па, затоа не заборавајте да пиете доволно количество вода.

3. Користете што е можно понежен пилинг

Запомнете го следното: острите пилинзи ќе бидат премногу рапави за кожата и може да ја оштетат, па затоа изберете некои понежни, кои ќе ги правите еднаш до два пати неделно, за вашиот тен побавно, но и рамномерно да избледува.

4. Избегнувајте ги топлите купки

Наместо капење во топли купки, изберете топол туш, а доколку не можете да го замислите капењето со млака вода, обидете се да ја исушите кожата на што е можно поприроден начин, наместо да ја триете со пешкир.

Доколку сакате побрзо да добиете бронзен тен, тогаш подгответе го ова домашно масло за сончање кое ќе ви го изедначи тенот и ќе ве заштити од УВ зраците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар