3 знаци што ќе ви помогнат да дознаете дали е вистинска љубов или летен занес

3 знаци што ќе ви помогнат да дознаете дали е вистинска љубов или летен занес

За многу жени и мажи е навистина тешко да одредат дали личноста со која се гледаат е потенцијална сродна душа или само моментална страсна авантура. Со цел да дознаете дали сте ја пронашле вашата љубов, погледнете ги следниве 3 знаци. Ако се пронајдете во нив – најверојатно станува збор само за летен флерт.

1. Често немате за што да разговарате

Ако не ви се случило нешто ептен интересно или не треба да се договарате каде да одите и што да јадете, понекогаш ви се чини како невозможна мисија да започнете тема на разговор? Ако не ги делите истите погледи кон светот, ако ја немате истата смисла за хумор и истите ставови, големи се шансите дека станува збор само за краткотрајна заљубеност.

2. Вашите ставови се спротивставуваат

Да, спротивностите се привлекуваат. Но, дури и тогаш основата мора да биде на истото ниво. Ако вашите ставови се на различна страна од спектарот, односно не верувате во истите вредности (семејни, религиски, политички, здравствени…) тогаш едноставно нема потреба да останете во оваа врска подолго одошто треба.

3. Поради него/неа патат други луѓе во вашиот живот

Иако е сосема нормално да минувате низ периодот познат како „меден месец“, каде што постојано гледате низ розови очила, сепак постојат граници. Ако забележите дека поради него или неа сте почнале да ја запоставувате кариерата, пријателите или другите важни области во вашиот живот, треба да се запрашате што воопшто барате со оваа личност.

Дознајте и зошто вљубувањето во лето е поразлично од вљубувањето во која било друга сезона.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар