3 совети за да изгледате елегантно без да потрошите многу пари

3 совети за да изгледате елегантно без да потрошите многу пари

Елеганцијата е поим со кој секоја жена би сакала да биде опишана. Може да се однесува на облеката или на културно однесување. Без разлика како ќе биде дефинирана, кога станува збор за модата има мали недоразбирања околу овој термин, односно жените мислат дека мора да потрошат апсурдни суми пари за да изгледаат елегантно. Овие совети ќе го скршат таквиот мит и ќе ви заштедат многу пари.

0-3-soveti-kako-da-izgledate-elegantno-bez-da-potrosite-mnogu-pari-kafepauza.mk

1. Обратете внимание на кројот

Без разлика на тоа колку многу или колку малку трошите на облека, ако има лош крој, тоа парче не е за вас. Блузите со преголемо деколте, пантолоните со премногу кратки или премногу долги должини и маичките кои не стојат добро во пределот на рамениците се навидум мали причини кои носат големи проблеми во вашиот целокупен изглед. Ако не сте сигурни од каде започнете, консултирајте се со најдобрата пријателка или продавачката во продавницата.

Запомнете и дека бројот на парчето не е константен – различни брендови и дизајнери имаат различен начин на нумерирање, па затоа бидете отворени кон можноста да пробате облека во двојно поголем или помал број од онаа која мислите дека ја носите. Колку подобро ви стои парчето, толку повеќе ќе го носите и толку подобра инвестиција сте направиле. Ако мислите дека добро ви стои, но не сте целосно сигурни, не губете надеж. Поголемиот број жени нема да најдат облека која точно во моментот на пробата им стои совршено. Не се плашете да побарате помош од кројач кој ќе направи мали и евтини промени на парчето за тоа да добие совршен крој.

1-3-soveti-kako-da-izgledate-elegantno-bez-da-potrosite-mnogu-pari-kafepauza.mk_ copy

2. Квалитет, а не квантитет

Една од најважните работи кај елеганцијата е што таа подразбира добро склопен и дотеран изглед во кој парчињата се со голем квалитет. Фокусирајте се на високо квалитетни материјали кои му лежат добро на телото. Рабовите мора да бидат совршени, здолништата и јакните да имаат постава и хулахопките или чорапите да бидат од материјал кој не изгледа премногу светкаво или нееднакво кога ќе се оптегне на ногата. Барајте парчиња кои се направени од природни материјали како волна, свила и памук. Ова е особен предизвик при шопингот бидејќи денес во центарот на вниманието е масовната и брза мода која се менува додека трепнеш.

Исто така, продавниците многу повеќе се ориентираат кон евтини парчиња со низок квалитет кои веќе следната недела ќе бидат заменети со други. Подеднакво важно е да го запомните ова и во продавници кои се од повисока класа, бидејќи не мора да значи дека квалитетот на парчето таму ќе биде подобар. Без разлика каде купувате, добро истражете го парчето пред да го купите. Освен тоа што треба да ви се допаѓа изгледот, да ви биде пријатно на допир и добро да ви стои, треба да знаете и дека тоа ќе ви трае повеќе од една сезона. Скапото парче кое се плашите да го облечете не е добра инвестиција. Скапото парче кое ќе го носите следните 10 години и кое ќе зафаќа место за четири поевтини парчиња е добра инвестиција. Заштедете повеќе со тоа што ќе купите помалку.

2-3-soveti-kako-da-izgledate-elegantno-bez-da-potrosite-mnogu-pari-kafepauza.mk

3. Намалете со додатоците

Коко Шанел рекла: „Пред да излезете од дома, тргнете го првото нешто што ќе го видите на вас во огледало“. Тоа може да биде алка, прстен или марама. Важно е да го тргнете тоа бидејќи така ќе го спречите „ефектот на новогодишна елка“ и ќе одржувате баланс во изгледот. Бидејќи сепак ова го кажува жената според која „девојките треба да се две нешта: елегантни и неверојатни“ ова е можеби е најдобриот совет на сите времиња. Сведувањето на модните додатоци на минимум ќе направи да изгледате софистицирано и со вкус. Армијата од алки кои вообичаено ги носите во дискотека, овој пат оставете ги дома. Наместо нив одберете ѓердан или обетки, но никако двете. Ако веќе морате да ги носите и двете, нека бидат деликатни и едноставни за да имате баланс во изгледот и да не привлекуваат премногу внимание.

Додека накитот не мора да биде скап, дефинитивно мора да изгледа како да чини голема сума пари. Постојат многу дизајнери на накит кои нештата што ги создаваат изгледаат толку реално, што дури и професионалниот златар не би можел да препознае разлика. Тајната е во балансот: малите обетки нека бидат еден карат до два, а златните и сребрени парчиња треба да бидат со средна големина (читај: реална) и да изгледаат остро, светкаво и елегантно. Ако сакате да носите марама, одберете некоја направена од луксузен материјал, или некоја што барем така изгледа. Постојат голем број малопродажни дизајнери од кои за да купите вистински 100% мерино или кашмир шал ќе ве чини многу помалку за разлика од тоа ако го купите од дизајнерска куќа. Уште еднаш, тајната е да се фокусирате на квалитетот на материјалот, а не на брендот кој го создал парчето.

3-3-soveti-kako-da-izgledate-elegantno-bez-da-potrosite-mnogu-pari-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар